20 Април, 2024
0.0268

Следи ли мега распродажба на илјадници квадрати деловен простор на улица „Македонија“?

Објавено во: Економија 06 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Некогашниот алфа и омега на македонскиот увоз и извоз, мастодонт на трговијата и извозот на најценетите македонски стоки од кој произлегоа мноштво успешни и помалку успешни бизнисмени е во клиничка смрт. Што остана во „тестаментот“ на поранешната македонска извозна гордост компанија која беше синоним за Македонија во меѓународната трговија? И кој ќе се офајди од продажбата на повеќе од 7.000 квадратни метри деловен простор во срцето на главниот град на улицата „Македонија“???!!!!

„Технометал Вардар“ е компанија за која е отворена стечајна постапка која беше иницирана од членовите на органите на управува шѕо само по себе укажува во каква состојба била компанијата и дека немало перспектива за избегнување на најцрното сценарио.

Акцијата на „Технометал Вардар“ е симната од тргување на Македонската берза, а компнијата воопшто не е во листингот на компании кои се објавуваат во регистрите на компании чии акции се тргуваат на Македонската берза за хартии од вредност. Воедно „Технометал Вардар“ повеќе не е дел од базата податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Технометал-Вардар“ е компанија специјализирана за трговија која во минатото беше синоним за македонскиот извоз. Во осумдесетите години од минатиот век оваа фирма настана со фузија на компаниите „Технометал“ и „Вардар“. „Технометал Вардар“ е позната по тоа што поседува или поседуваше околу 8.500 квадратни метри во строгиот центар на Скопје и го издаваше под наем (објектот е на улица „Македонија“. Воедно оваа компанија поседува и дворно место од 1.250 квадратни метри во центарот на Скопје и уште 1.243 квадратни метри под објект. 

Засега нема повеќе информации за текот на стечајната постапка и за тоа колкави се и колку се реално наплатливи побарувањата на „Технометал Вардар“ и колкави се неговите обврски и каква е изложеноста кон банките – кредитори.

Според последните јавно достапни податоци најголеми акционери во „Технометал Вардар“ беа скопската фирма „Мепком“ во која содружник е познатиот бизнисмен Кочо Моцан која има 25 отсто од акциите, скопски „Уготур“ железарската компанија специјализирана за исхрана со 20 отсто од управувачките права и домашното физичко лице Душко Ангелов кој поседува 17,4 отсто од акциите со право на глас.

Што се случи со акциите на „Технометал Вардар“?

Во март 2018 година  на јавна берзанска аукција се нудат на продажба 82.106 акции со право на глас во „Макошпед“ со почетна цена од 157 денари за акција. Аукцијата е на барање на дирекцијата за тргување со хартии од вредност на „Комерцијална банка“ и при тоа нивен клиент нуди на продажба 10,41 отсто од акциите со право на глас во „Макошпед“. Акциите се продаваат во пакет што значи „се или ништо“. Доколку има заинтересиран купувач тој може да стане сопственик на 10,4 отсто од акциите во „Макошпед“ за 209.000 евра, доколку нема конкуретска трка за овие акции. Тоа се акциите што во „Макошпед“ ги поседуваше „Технометал Вардар“. Тие акции се продадени по почетна цена на наддавање на кое имало само еден понудувач. Претходно на почетокот на 2018 година „Технометал Вардар“ ги продаде своите акции во „Уготур“ од акционерската структура на „Уготур“по цена од 7 денари за акција. Тоа се околу 20 отсто од акциите со право на глас во „Уготур“од кои „Технометал Вардар“ наплати неполни 20.000 евра.

„Технометал Вардар во стечај“ е сопственик и на 15 отсто од уделите на скопската фирма „Алфа Скоп ДОО“ сопственик на националната телевизиска станица „Алфа“. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите