24 Април, 2024
0.0290

Славчо Попоски открива дали во февруари ќе имаме снежна бајка

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски  вели дека во февруари нема да има многу снег, а месецот ќе биде сув и просечно студен. 

Објаснува дека вистинска снежна бајка нема да донесе и февруари, освен повремени и послаби снежни врнежи.

Сепак истиот ќе биде просечно студен, што значи температурите ќе бидат во границата на нормалните за месец февруари.

„Оваа метео анализа важи за целата територија на Македонија, вклучувајќи го и Скопскиот регион.  Ако вака останат работите вистинска снежна бајка нема да видиме во градовите и во новиот зимски месец (февруари). Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во анализата сигурно дека ќе има, но какви промени ни следуваат останува да видиме понатаму. Сепак и покрај овие анализи, се надеваме дека конечно февруари месец конечно ќе го покаже своето вистинско лице кога зимата е во прашање, и ќе донесе многу снег во градовите и вистинска снежна бајка“, вели Попоски

Инаку денес и повторно од четврток локално ќе има послаби врнежи претежно од снег, а ќе дува и засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час). Наутро температурите насекаде ќе бидат под нулата и понекаде истите се очекува да се спуштат близу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени, а во југоисточните предели температурата се очекува да се искачи до околу 11 степени.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи