19 Април, 2024
0.0320

Славчо Попоски најавува дека идната недела е можно да имаме температури над 45 степени

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски најавува дека идната недела е можно да имаме температури над 45 степени. 

Топлотниот бран во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица, а ќе продолжи и во текот на следната, со тоа што би можел да биде со уште поголем интензитет.

„Имено, нашата територија ова лето се наоѓа под постојано влијание на многу топла  воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Истата условува постојано температури од над просекот за овој дел од годината. Температурите до крајот на оваа седмица ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, а УВ индексот ќе има многу висока вредност (9). Времето постојано ќе биде сончево со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од северозападен правец. Ветерот особено ќе биде изразен во понеделник и ќе биде врел. Според моменталните анализи со кој располагаме, во текот на следната седмица температурите долж Повардарието и во југоисточните предели би се искачиле дури над 45 степени, и би имале температури какви што сме немале. Состојбата и понатаму континуирано ќе се следи и граѓаните навремено ќе бидат информирани. И во Скопскиот регион температурите денес, како и во текот на следните денови ќе се искачат над 40 степени“, вели Попоски. 

Советува, граѓаните, особено оние хронично болните и повозрасните  и изнемоштени лица во никој случај да не излегуваат надвор во најтоплиот дел од денот. Исто така граѓаните во ваква ситуација треба да пијат многу течности.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?