Славчо Попоски најави врнежи и објави какво време ќе имаме месецов
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2022
Метеорологот Славчо Попоски објави временска прогноза за цел декември.
Вели дека според најновите анализи кои ги направиле со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, месец декември оваа година ќе биде само малку потопол од вообичаеното и со речиси просечно количество на врнежи, што значи дека врнежите нема да фалат и не се очекува некоја позначителна суша да ја зафати нашата територија.
„Секако се очекуваат и се почести продори од север кој би условувале поголемо заладување на времето, па и врнежи од снег и на пониските места. Што се однесува до планинските места и Скијачките центри снегот веќе го има и снежната покривка со оглед на ново – очекуваните врнежи овие денови ќе се зголемува. Најинтензивни врнежи со новиот влажен бран ќе има во југоисточните предели (над 30 л/м2 воден талог). Температурите нема многу да се менуваат, освен денес и за време на викендот кога ќе биде малку потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени“, вели Попоски.
Времето ќе биде малку постабилно, а нов бран на врнежи ќе има од недела.