СКОПСКИ ТАРЗАН: Момче „заглавило“ на дрво на Партизанска-го спасувале пожарникари
Објавено во: Македонија 17 Август, 2018
Дали младите во Скопје немаат со што да се занимаваат па глумат Тарзан?
Ноќеска по полноќ пожарникарите во главниот град си имале работа со случај кој ретко се случува.
Од 01:30 до 02:10 часот траело спасувањето на момче кое се качило на дрво на улицата „Партизански одреди“ бр.85.
Што се случувало?
Медиумите пренесуваат дека 18-годишникот од Скопје на дрвото се качил со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале а од ПС Карпош не откриваат повеќе детали.