19 Април, 2024
0.0281

Скопје има податоци за подземен катастар, проблем е остатокот од Македонија

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

До крајот на годината треба да бидат направени законски измени со цел да се создаде правна рамка за почеток на проектот „подземен катастар“, односно да се запишат сите подземните инфраструктурни водови во државата. Анализа на состојбите со подземната инфраструктура во државата е веќе направена, а надворешна консултантска компанија изработи физибилити студија која ќе биде поставена на веб страницата на Агенцијата за катастар со што сите заинтересирани ќе може да дадат свои забелешки. Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески,  Скопје има податоци за подземната инфраструктура. „Компаниите располагаат со доста квалитетни податоци кои ќе треба да се доработат бидејќи тие работеле по некои свои стандарди затоа што до овој момент немаме стандарди за оваа работа. Во внатрешноста пак има ситуации каде пооделни јавни претпријатија и општини воопшто не знаат каде поминуваат некои водови“, изјави Трпески по денешната тркалезна маса посветена на подземниот катастар. За професорката Родна Живковска од Правниот факултет, имплементацијата на проектот „подземен катастар“ ќе бара промена на повеќе закони, но смета дека се работи за одлична идеја од која бенефит ќе има државата, но и компаниите и граѓаните затоа што утврдувањето на сопственоста на подземните инфраструктурни објекти тие ќе може да се даваат под хипотека, а од друга страна ќе се намалат и штетите што се прават на овие подземни водови. Експертот за подземен катастар од Литванија, Алвидас Јанулевичиус, оцени дека Македонија е на добар пат да создаде еден од најдобрите инфраструктурни катастри во цела Европа, но потсети дека не треба  доследно да се следи одреден модел, туку да се земат најдобрите аспекти од него.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож