28 Март, 2024
0.0259

СКОПЈАНИ УШТЕ ОД РАНО ЧЕКААТ РЕДИЦИ ПРЕД МАРКЕТИТЕ, некои веќе заминаа по други градови

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Уште рано утринава скопјани ги запоседнаа маркетите со цел да ги набават потребните намирници за долгиот претстоен карантински викенд, кој ќе трае три дена, односно од денеска во 21 часот па се до 5 часот во понеделник.

Фактор засега направи аматерска фотографија, повеќе ќе следуваат во текот на денот.

Покрај ова, голем дел од граѓаните кои денеска немаат работни обврски, уште од утрово со своите автомобили се упатија кон некои од општините каде што нема да има цели три дена полициски час. 

Ова следува откако Владата вчера ја објави веста за полицискиот час, прифаќајќи го предлогот на Комисијата за заразни болести. 

Петок, сабота и недела во другите градови има забрана за движење од 16 часот до 5 часот следниот ден. 

Групирање на граѓаните на семејни собири, непочитување на мерките при превоз доведе до раст на бројот на заразени. Се забранува посета на гробиштата, освен за погреби. 

Филипче вчера рече дека сите овие мерки се издржани, прецизни и навремени. 

Но, социјалните мрежи зовреа од критики за ваквата владина одлука.

Дел од реакциите се однесуваат дека со оваа одлука практично се онеправдани граѓаните кои во изминатите два месеци целосно и педантно ги почитуваа владините рестриктивни мерки, но сега повторно ќе бидат практично „казнети“, поради недисциплината и непочитување на препораките од други граѓани, кои доведоа до ширење на коронавирусот и голем број на нови случаи. Некои од реакциите се и на верска основа, во смисла зошто на православните верници ќе им биде оневозможено да отидат на гробишта за верскиот празник Задушница, исто како што не можеа да ги посетат црквите за Велигден. Трет дел од критиките се однесува на фактот што во текот на денешниот ден повторно би се создал хаос по маркетите, од граѓаните кои ќе треба да набават намирници за претстојните три дена. Многу од граѓаните, исто така, и укажуваат на власта дека набргу ќе има избори, а оваа нејзина одлука тие ќе ја имаат предвид при гласањето.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија