28 Март, 2024
0.0245

Скопјани ќе добијат осум нови мостови

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Cо цел да се олесни движењето на граѓаните и да се скрати патувањето меѓу двете страни на реката Вардар во Скопје ќе се изградат нови осум моста, пишува Дневник.  Некои ќе бидат пешачки, некои за возила и ќе се градат откако Градот ќе ги заврши двата моста за пешаци на двата краја од Скопје што неодамна ги најави, а веќе ги распиша и огласите за избор на идејно решение. Третиот мост е за Аеродром. Овој мост кој е предвиден да биде сообраќаен, ќе се гради кај салата МЗТ, но кога градскиот буџет ќе биде доволно силен за такво нешто. Во населбата Лисиче, освен еден пешачки мост, според ГУП-от е зацртан и сообраќаен мост кај улицата Индустриска, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари. Во Генералниот урбанистички план и натаму се предвидени клучните мостови што се дел од примарната сообраќајна мрежа, тој кај Владата и во Маџир Маало. Мостот кај Владата е продолжение на булеварот Kлимент Охридски, кој откако ќе ја премости реката треба да минува во тунел под Kалето и да се поврзе со улицата Никола Kарев во Чаир, која исто така е предвидена да прерасне во булевар од примарната мрежа, односно урбан автопат. Идејата за урбани автопати каде што може безбедно да се вози со поголема брзина е стара повеќе децении, од планот од 1965 година. Оттогаш е и идејата за изградба на булеварот Kрушевска република, кој треба да мине со мост преку Маџир Маало и треба да служи како брза попречна врска меѓу северниот и јужниот дел на градот, пишува Дневник. Од Градот велат дека доколку се изгради булеварот, во секој случај ќе се изведе и мостот. Мост што има шанси поскоро да биде изграден е тој што е предвиден во Kарпош- продолжение на улицата Љубљанска, која поминува покрај „Сити мол“. Во Kарпош е планиран и друг мост преку Вардар, како продолжение на булеварот Илинден. Овој булевар е зацртан преку Влае, покрај брегот на реката Лепенец, до Волково, каде што треба да излезе на северната обиколница. Меѓутоа, во тој реон нема тесно грло поради постоење на на мостот „Обединети нации“ и поради вториот мост во Хром, кои значително го растоваруваат сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија