22 Септември, 2021
0.0234

Скопјанецот кој усмрти пешак го менувал ветробранското стакло и го измил возилото откако побегнал

Објавено во: Македонија 03 Август, 2021

Скопјанецот кој со Ауди А3 на 30 јули усмрти пешак го менувал ветробранското стакло и го измил возилото откако побегнал од местото на сообраќајната несреќа. Ниту Основното јавно обвинителство не ги објавува иницијалите, освен дека се работи за 29 годишен скопјанец кон не поседувал исправна сообраќајна дозвола.

„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 29-годишен скопјанец за кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода според член 301 став 1 од Кривичниот законик.

На 30 јули околу 1 часот по полноќ, на улицата „Алија Авдовиќ“ во Скопје, осомничениот управувал патничко моторно возило Ауди А3 со скопски регистарски ознаки, но без важечка сообраќајна дозвола. Кога се приближил до крстосница која не е регулирана со сообраќајни знаци, не ја приспособил брзината на возилото на условите на патот и не возел со зголемена претпазливост, па со предниот лев страничен дел од возилото удрил во пешакот Азем Асипи. Од ударот, оштетениот се добил со телесни повреди, а осомничениот наместо да му укаже помош, веднаш го напуштил местото на настанот. Повредениот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде и покрај укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите еден час подоцна. Во периодот од случување на сообраќајната несреќа до неговото пронаоѓање и лишување од слобода, осомничениот го променил ветробранското стакло на автомобилот и го измил возилото за да ги прикрие трагите“, се вели во денешното соопштение на ОЈО.

Јавниот обвинител оценил дека постои опасност тој да се крие и да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притовр за осомниченото лице.​


Можеби ќе ве интересира

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Порано во Струга, Кичево или Чаир ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бореа за градоначалник, а помагаа албанските гласови, сега е обратно

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Порано во Струга, Кичево или Чаир ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бореа за градоначалник, а помагаа албанските гласови, сега е обратно

ЛЕТО, СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Вечерва пристигнува есента

ЛЕТО, СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Вечерва пристигнува есента

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Граѓанка дури три пати „фатила“ ковид-19

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Граѓанка дури три пати „фатила“ ковид-19

ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов

ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов

Џес Бејли по две и пол години откако си замина: Се сретна со Пендаровски во Њујорк

Џес Бејли по две и пол години откако си замина: Се сретна со Пендаровски во Њујорк

МИГРАНТИ ПОВТОРНО МИНУВААТ КАЈ ТАБАНОВЦЕ: Досега немало проблеми, но кај мештаните има загриженост

МИГРАНТИ ПОВТОРНО МИНУВААТ КАЈ ТАБАНОВЦЕ: Досега немало проблеми, но кај мештаните има загриженост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По пожарот во Тетово дисциплината е поголема, а во меѓувреме протече документ за набавка на модуларните болници

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По пожарот во Тетово дисциплината е поголема, а во меѓувреме протече документ за набавка на модуларните болници

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Меѓу починатите од коронавирусот и денес има млади луѓе

Меѓу починатите од коронавирусот и денес има млади луѓе