27 Септември, 2020
0.0455

СКОПЈАНЕЦ УБИЛ ЧОВЕК ВО ДОЛНО ДУПЕНИ - бил откриен откако го нашле трупот во распаѓање

Објавено во: Македонија 04 Август, 2020

Скопјанец убил човек во Долно Дупени со огнострелно оружје, а бил откриен откако бил пронајден черепот и трупот во распаѓање. Ќе му се суди за убиство со умисла.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

На 30 јуни, осомничениот скопјанец, во местото Големи Грми во атарот на селото Долно Дупени, Ресен, со употреба на огнострелно оружје, со умисла го лишил од живот лицето Мустафа Азис од Горно Количани.

„Поведената истражна постапка е во врска со пронајден череп и остатоци од човечки труп во фаза на распаѓање, во атарот на Долно Дупени на 27 и 28 јули. Пронајдените остатоци, по наредба на јавен обвинител, беа предадени на Одделението за судска медицина при ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде беше извршена идентификација на починатиот и се утврди дека причината за смрт е насилна и предизвикана од проектил на огнострелно оружје испукан во пределот на тилот на жртвата“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Битола, поради опасност од бегство и можност за попречување на постапката и прикривање на доказите, поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Можеби ќе ве интересира

Денеска ќе има и сонце, од утре пак повеќе облаци и дожд

Денеска ќе има и сонце, од утре пак повеќе облаци и дожд

Први рестрикиции би биле забрана на јавни собири: Филипче исклучува карантин во моментов

Први рестрикиции би биле забрана на јавни собири: Филипче исклучува карантин во моментов

Животот на Борче, живот ли е? Емотивна сторија за човекот кој има многу љубов

Животот на Борче, живот ли е? Емотивна сторија за човекот кој има многу љубов

Ново видео фрла сенка врз инцидентот во Битола: Полицаецот не нападнал прв?

Ново видео фрла сенка врз инцидентот во Битола: Полицаецот не нападнал прв?

Филипче жали за смртта на медицинската сестра: Изрази сочувство

Филипче жали за смртта на медицинската сестра: Изрази сочувство

Доктор нападнал колега во кумановската болница: Нападнатиот доктор избегал низ прозорецот!

Доктор нападнал колега во кумановската болница: Нападнатиот доктор избегал низ прозорецот!

Невреме со многу дожд беснее попладнево во земјава

Невреме со многу дожд беснее попладнево во земјава

Не може на секој компјутер или лаптоп: Објавени деталите за тоа каков уред им треба на децата за онлајн наставата

Не може на секој компјутер или лаптоп: Објавени деталите за тоа каков уред им треба на децата за онлајн наставата

Во Скопје не се смирува: Во земјава за еден ден нови 141 заболени

Во Скопје не се смирува: Во земјава за еден ден нови 141 заболени