Скокнал бројот на Германци кои работат со скратено работно време
Објавено во: Економија 02 Декември, 2022
Расте бројот на работници кои работат со скратено работно време во Германија.
Во периодот август – ноември нивниот број се зголеми од 76.000 на 187.000, објави Минхенскиот институт за економски истражувања ИФО. Во преработувачката индустрија каде бројот на работници со скратено работно време скокнал од 59.000 на 151.000. Причина е енергетската криза. Во автомобилската индустрија бројот на работници ангажирани со скратено работно време се зголемил од 14.100 на 33.400, а во хемиската индустрија од 7.400 на 21.200.
Медиумите пишуваат дека газдите во Германија избегнуваат да вработуваат млади работници.foto freepik.com/bearfotos