Добивај вести на Viber
Цените на акциите на европските берзи утрово пораснаа поради тоа што инвеститорите се надеваа дека добрите бројки за вработеноста во САД ќе го поттикнат понатамошниот раст на берзанскиот индекс.
ФТСЕурофрст 300 индексот утрово зајакна до 0,5%, на 1104 поени. Лондонскиот ФТСЕ, франкфурски Дах и парискиот ЦАЦ се во позитива меѓу 0,3 и 0,5%. Со нетрпение се очекува извештајот за САД кој треба да биде објавен попладнево.
Аналитичарите на Ројтерс проценуваат дека во септември во САД се отвориле 113 000 нови работни места, но стапката на невработеност се зголеми 8,1-8,2%. Ако податоците се подобри од предвидувањата, тогаш и понатаму ќе растат цените на акциите.
Она што ги загрижува инвеститорите е Шпанија и нејзиното одложување за барање на меѓународна помош за излез од должничката криза. Дури откако ќе ја побара помошта, Европската централна банка ќе може да купува обврзници и така да го намали долгот.
Бројките од САД ќе влијаат на раст на берзите во Германија, Франција и Велика Британија, додека пазарите во Италија и Шпанија ќе зависат од движењата во еврозоната.
На токиската берза Никкеи се бележи раст од 0,4% или 8863 поени.