25 Април, 2024
0.0264

ŠKODA KODIAQ, OCTAVIA SCOUT и SUPERB – Најдобри возила со погон на сите тркала

Објавено во: Мои пари 18 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Трикратен успех за ŠKODA во овогодинешниот избор за најдобри автомобили со погон на сите тркала. Читателите на германското списание за автомобили Auto Bild Allrad доделија повеќекратни награди на ŠKODA, со што ја продолжија серијата на значителни успеси за чешкиот бренд. ŠKODA SUPERB 4×4 по десетти пат ги освојува многу посакуваните ловорики, оваа година како најдобро возило во категоријата „Патнички автомобил со погон на сите тркала“. OCTAVIA SCOUT победи во категоријата „Кросовер со погон на сите тркала“, со што се закити со својата петта награда за „Автомобил на годината со погон на сите тркала“. KODIAQ 4×4 го зазема првото место во категоријата „Најдобро теренски и SUV возило". Ова претставува повторување на достигнувањето на KODIAQ од 2017 година, кога читателите на најчитаното списаније за автомобили во Европа ја доделија титулата на овој SUV од ŠKODA во неговата дебитантската година.


Оваа година се одбележува 18-тиот избор за „Автомобили со погон на сите тркала“ од страна на читателите на магазинот Auto Bild. Севкупно, 211 модели на возила низ десет категории влегоа во конкуренција за наградите. Од 4 јануари до 1 февруари 2019 година, читателите на Auto Bild Allrad беа поканети да гласаат за своите омилени возила онлајн. Помеѓу наградените модели на чешкиот бренд, верзијата на 4×4 на SUPERB постигна најдобар индивидуален резултат помеѓу натпреварувачите освојувајќи 9,97 проценти од гласовите. 8.18% од читателите на магазинот гласаа за OCTAVIA SCOUT, додека KODIAQ 4×4 освои 7,80 отсто од гласовите.


Возачите кои преферираат возила со погон на сите тркала имаат долга историја со брендот ŠKODA. Чешката марка ги развила своите први прототипови на возила со повеќе од една погонска оска кон крајот на 1930-тите. Современиот и многу успешен систем на ŠKODA 4×4 ја започна својата приказна во 1999 година со OCTAVIA COMBI 4×4. Оттогаш, ŠKODA произведе повеќе од 700.000 возила со погон на сите тркала. Со оглед на постојано зголемување на побарувачката во оваа категорија на возила, ŠKODA постојано го проширува својот опсег на 4x4 возила во текот на последните четири години. Денес, KAROQ и KODIAQ, како и OCTAVIA и SUPERB се достапни со погон на сите тркала.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет