20 Април, 2024
0.0272

СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА ВРХОВНИОТ СУД НА АМЕРИКА, НОВ УДАР ЗА ПЛАНЕТАТА, Експертите предупредуваат дека последиците можат да бидат смртоносни

Објавено во: Свет 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Врховниот суд на САД во четвртокот зададе сериозен удар на борбата против климатските промени со ограничување на моќта на Агенцијата за заштита на животната средина да ги регулира емисиите на стакленички гасови од електраните. Експертите ја осудија одлуката и рекоа дека таа претставува голем чекор наназад во време кога светскиот часовник отчукува на глобалното затоплување.

- И луѓето и екосистемите ширум светот ќе ги почувствуваат последиците ако не успееме да ги регулираме гасовите што ја задржуваат топлината во атмосферата. Веќе сме опасно под нивото кое науката го смета за неопходно и судот само го отежна решението на проблемот - рече Кристина Дал, климатолог од здружението на засегнати научници.

Околу 25 отсто од гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина доаѓаат од производството на електрична енергија. А јагленот, кое се смета за „највалканото“ фосилно гориво, се користи за производство на околу 20 отсто од електричната енергија во Америка. Емисиите на штетни гасови од производството на електрична енергија скокнаа минатата година за прв пат од 2014 година, а научниците веруваат дека зголемувањето главно е предизвикано од употребата на јаглен.

- Ова ќе ја врати Америка со години наназад на патот кон решавање на климатската криза. Последиците од оваа одлука ќе бидат смртоносни и скапи. Ќе биде потешко да се постигне на високо ниво намалување на стакленички гасови сега и да се избегнат најлошите последици од климатски промени, мора да дејствуваме брзо и одлучно - изјави адвокатот Андрес Рестрепо, кој ја застапува непрофитната организација „Сиера клуб“, пренесува „Мондо.рс“.

Одлуката на Врховниот суд значи дека Законот за чист воздух повеќе не и дава на агенцијата овластување да ги регулира емисиите од електраните. Агенцијата сè уште има повеќе опции за регулирање, но судот јасно пресуди дека законот не дозволува поставување ограничувања на емисиите и принудување на електраните да се оддалечат од фосилните горива и кон обновливите извори на енергија.

Законот за чист воздух од времето на Барак Обама постави цел за секоја американска држава да ги ограничи емисиите на јаглерод, оставајќи ја секоја држава слободно да одлучи како да ја исполни таа цел. Во многу земји, напуштањето на јагленот и природниот гас и давањето приоритет на сончевата енергија и ветерот беше економски најодржливото решение. Ограничувањето на емисиите на гас беше една од главните пораки на Џо Бајден, кој вети дека до 2030 година Америка на овој начин ќе го преполови загадувањето на планетата.

Минатата година, научниците утврдија дека Земјата се загрева многу побрзо отколку што се мислеше, што ќе доведе до екстремни, смртоносни временски услови, криза со вода за пиење, неизвесност за производство на храна и ширење на болести. За да се избегнат најлошите последици, светот мора да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, а единствениот начин да го направи тоа е да го задржи најголемиот дел од фосилното гориво на Земјата таму каде што е, под неговата површина.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено