СКАНДАЛ ВО АНГЛИЈА: Дури 43 илјади луѓе добиле погрешни резултати од тестирање за ковид
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2021
Тестирањето за коронавирус беше запрено во лабораторија во Англија, откако се појавија сомнежи дека 43.000 луѓе можеби добиле неточни резултати од тестирањето.
Истрагата беше покрената откако се појавија информации за луѓе кои добиле негативни резултати од ПЦР тестот во лабораторија во Вулверхемптон, откако претходно биле позитивни на уредот на кој се спроведува тестирањето.
Се проценува дека во таа лабораторија биле спроведени 400.000 тестови и дека околу 43.000 луѓе добиле неточни резултати од 8 септември до 12 октомври.
„Како резултат на нашата истрага, ние работиме со NHS Test and Trace за да ги идентификуваме лабораториските технички проблеми што доведоа до тоа луѓето да добијат неточни резултати од ПЦР“, рече Вил Валфенс од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото кралство.
Од клиниката во чија лабораторија се откриени погрешни резултати, велат дека целосно соработуваат со Агенцијата.
Извор: Индекс.хр