23 Април, 2024
0.0276

СЈО отворило истрага против еден од најстарите пратеници во македонското Собрание

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

СЈО отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава против Стојан Миланов, еден од најискусните пратеници во македонското Собрание кој доаѓа од редовите на СПМ како коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и воедно баџанак на Љубисав Иванов - Ѕинго, пренесуваат медиумите повикувајќи се на информации на „Макфакс“.

Во овој случај пријавата ја поднесува МВР преку СВР Пробиштип поднесе до СЈО против 70 годишниот кратовец како директор на Јавното претпријатие хидросистем „Злетовица“ од Пробиштип“.

Станува збор за случај од 2012 година кога пријавениот, според пријавата, како директор на хидросистемот „Злетовица“, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иницирал постапка за јавна набавка за градежни активности во наведеното јавно претпријатие, без претходно изготвена проектна документација и одобрение за градба.

Тогашен министер за земјоделство шумарство и водостопанство беше неговиот сопартиец, Љупчо Димовски. За изведувач на градежните активности тогаш била избрана фирма од Кочани која, според пријавата на МВР, се стекнала со противправна имотна корист од 13.150.062 денари. Миланов во 2013-та замина во пензија како тогашен директор на јавното претпријатие ХС „Злетовица“.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...