07 Декември, 2024
0.0295

СИВИЛО И СМРДЕА, ЧЕСТИЧКИТЕ ПМ10 и ПМ2.5 ДАЛЕКУ НАД ДОЗВОЛЕНОТО: Скопје меѓу првите најзагадени градови

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Загадувањето на воздухот во Скопје оваа есен повторно е алармантно, со честички ПМ10 и ПМ2.5 кои значително ги надминуваат дозволените граници. Градот често се наоѓа на листите на најзагадени места во светот, особено во зимските месеци кога комбинацијата на грејната сезона и зголемениот сообраќај придонесуваат за високите нивоа на загадување. Мерните станици регистрираат високи концентрации на овие честички во Чаир, Центар, Лисиче и други делови на Скопје кои се и најпогодени од емисиите на штетни гасови, што предизвикува големи здравствени ризици за жителите​.

Главниот град се соочува со екстремно загадување на воздухот, предизвикувајќи граѓаните да чувствуваат дека животот во главниот град станува неподнослив. Токсичниот воздух кој Скопјани го дишат со недели ги принудува да ги ограничат своите активности на отворено, особено кога вредностите на ПМ10 честичките на мерните станици достигнуваат опасни нивоа. Според некои досегашни истражувања се проценува дека загадувањето на воздухот придонесува за над 4000 предвремени смртни случаи годишно во Македонија. Според Институтот за јавно здравје, околу 20 отсто од сите смртни случаи годишно се последица од загадениот воздух.

Иако загадувањето на воздухот во Скопје е најизразено, опасни нивоа се измерени и во други градови како Тетово, Кичево, Охрид и Струмица. Секојдневното изложување на овие високи нивоа на токсини има сериозни здравствени последици, особено за децата, постарите и лицата со хронични болести.

За сега, единствено решение за граѓаните остануваат краткорочни мерки, како носење заштитни маски и избегнување на физички активности на отворено.

Иако се предложени неколку граѓански иницијативи за намалување на загадувањето, потребни се конкретни и долгорочни решенија за значително подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје.

За енормната загаденост регира и опозициската СДСМ, обвинувајќи ја власта дека не презема нешто.

-Во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и намалување на загадувањето до 50 отсто. Дојде на власт, седна во фотелјата и Мицкоски не прави ништо, ниту има инвестиции, ниту мерки против загадувањето, тврдат од СДСМ.

„Во мандатот на СДСМ во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници, во 13 средни средни училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата, се субвенционираа инвертери, велосипеди, активните оџаци се намалија за 8.000, на 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени беа сите диви депонии во градскиот урбан опфат. Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето. Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како на пример проектот БТР со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре. Поразително е тоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо додека граѓаните дишат загаден воздух“, велат од партијата.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Каранфиловска Панова: Не сум формален член на СДСМ, но статутот дозволува да бидам потпретседател на партијата

Каранфиловска Панова: Не сум формален член на СДСМ, но статутот дозволува да бидам потпретседател на партијата

Град Скопје смета дека доволно е украсено предновогодишно

Град Скопје смета дека доволно е украсено предновогодишно

Ќе му се суди на мажот што ја претепа поранешната сопруга во Љубанци

Ќе му се суди на мажот што ја претепа поранешната сопруга во Љубанци