19 Април, 2024
0.0366

СИТИ Колеџ прераснува во регионален центар со извонредни академски перформанси

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

При неодамнешното формирање на Европски Кампус во Солун, заедно со еден од водечките универзитети во Велика Британија и светот, Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, влегува во нова ера на извонредност и раст. Со 30-годишно наследство во овозможувањето Британско високо образование во регионот и соработката со Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ сега продолжува како Европски кампус на Универзитетот Јорк што претставува и континуирано подобрување на академската понуда. Новата соработка, исто така, придонесува за зголемување на капацитетите на СИТИ Колеџ како веќе реномирана академска институција со докажано влијание врз општествените процеси во регионот.

Британското образование е познато по својата извонредност и доктрина базирана врз истражувачки методи. А Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Расел група, со признание TEF Gold за извонредна настава и признаен низ целиот свет по истражувачката работа што ја врши.

Како интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, Европскиот кампус СИТИ Колеџ е центар за поврзување на академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи од Универзитетот низ целиот регион. Со ваквиот спој на традиција, знаење и стратешка географскапозиционираност, СИТИ Колеџ нуди бројни придобивки на академската јавност во регионот, но пред сè се отвораат нови можности за студентите и за развој на општеството. Се создаваат бројни можности за студентска мобилност и интернационализација, програми за стипендирање, а во исто време студентите ќе може да стекнат портфолио на знаења и вештини што ќе ги отворат нивните хоризонти и ќе имаат влијание со што ќе го променат нивниот животот во иднина. Универзитетот Јорк и СИТИ Колеџ заедно претендираат целосно да го трансформираат студентското искуство и да го збогатат секој аспект од академскиот живот. Дополнително значење се добива со фактот дека сите овие можности се нудат пост-Брегзит во регион каде што потребата за врвно британско образование е навистина добредојдена.

Со текот на годините илјадници дипломирани студенти на СИТИ Колеџ од регионот уживаат во нивниот избор за врвно британско образование близу до својот дом, а потоа и успешно  градат професионална кариера.

Квалитетот во универзитетското образование, поддршката на истражувањето како основен принцип во образовниот процес и примената на граѓанскиот ангажман во образовните и студентските активности, отсекогаш биле приоритетите во дејствувањето на СИТИ Колеџ. Сега, сето ова се отелотворува во Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, така што кредибилитетот на СИТИ Колеџ е сега засилен и со повеќе можности и со поголем ефект.

Новоформираниот Европски кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ, веќе од јануари започна со запишување на студентите за додипломски и постдипломски програми,  а студиите започнуваат од октомври 2021 година. Повеќе информации се достапни на следниот линк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година