07 Март, 2021
0.0313

Сител: Уставното име наместо придавката „македонски“ ќе се користи во записниците од Мешовитата комисија

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2021

Уставното име Република Северна Македонија, наместо придавката „македонски“ ќе се користи во записниците на Мешовитата макеонско-бугарска комисија.

Ова е компромисот кој, според телевизија Сител, бил постигнат во врска со употребата на придавката „македонски“ во записниците од Мешовитата комисија.

Високи извори од македонскиот дел од комисијата за Сител рекле дека договорот се состои во тоа што придавката македонски ќе се користи само во цитатите од записниците, додека во официјалните заклучоци од средбите ќе се употребува уставното име на земјава, односно имињата кои произлегуваат од него.

Па така, наместо македонски, да се употребува „на Република Северна Македонија“.

Договор наводно имало и околу името на самата комисија, односно, во записниците нема да има повеќе макеонска страна и бугарска страна, туку во записниците ќе стои Комисија на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија во зависност на што се однесува.

Македонската страна била задоволна што придавката македонски сепак останува во употреба. 

Можеби ќе ве интересира

НОВИ 31 ПАЦИЕНТ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ - почна со работа и модуларната болница

НОВИ 31 ПАЦИЕНТ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ - почна со работа и модуларната болница

Короната може да направи обилни крварења во стомакот, докторите да не ги потценуваат овие симптоми, бара лекарската комора

Короната може да направи обилни крварења во стомакот, докторите да не ги потценуваат овие симптоми, бара лекарската комора

(ФОТО) ВО ДВЕ ДРАМАТИЧНИ АКЦИИ - МВР пресече два меѓународни канали на дрога, запленени над половина тон марихуана

(ФОТО) ВО ДВЕ ДРАМАТИЧНИ АКЦИИ - МВР пресече два меѓународни канали на дрога, запленени над половина тон марихуана

Германската Vamed и француската Bouygues construction треба да дадат една понуда за изградба на новиот клинички центар - Филипче ја повика опозицијата да не блокира

Германската Vamed и француската Bouygues construction треба да дадат една понуда за изградба на новиот клинички центар - Филипче ја повика опозицијата да не блокира

НЕ МОЖАМ НИКАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛАМ, ОСВЕН КАКО МАКЕДОНЕЦ - Љубчо Георгиевски ова им го кажал и на Бугарите

НЕ МОЖАМ НИКАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛАМ, ОСВЕН КАКО МАКЕДОНЕЦ - Љубчо Георгиевски ова им го кажал и на Бугарите

Имаме речиси три пати повеќе активни случаи на коронавирусот од Хрватска

Имаме речиси три пати повеќе активни случаи на коронавирусот од Хрватска

АКО САКААТ НЕКА СИ СЕ ЗЕМАТ, НИЕ НА ТАКВА СВАДБА НЕ ОДИМЕ - ова е пораката од Горан Милевски, коалициониот партнер на Заев

АКО САКААТ НЕКА СИ СЕ ЗЕМАТ, НИЕ НА ТАКВА СВАДБА НЕ ОДИМЕ - ова е пораката од Горан Милевски, коалициониот партнер на Заев

Затворена чајџилница во Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава

Затворена чајџилница во Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава

ВИДНИ ВМРОВЦИ СО ПОДДРШКА ЗА ЛИДЕРОТ МИЦКОСКИ - му порачаа побрзо да закрепне и да не се предава

ВИДНИ ВМРОВЦИ СО ПОДДРШКА ЗА ЛИДЕРОТ МИЦКОСКИ - му порачаа побрзо да закрепне и да не се предава