24 Април, 2024
0.0251

СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА НОВИОТ ДОЛГ НА ЗЕМЈАВА ОД 250 МИЛИОНИ ЕВРА - во „Службен весник“ е објавена одлуката за издавање регистрирани хартии од вредност преку Дојче Банк

Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Новото задолжување од 250 милиони евра преку германската Дојче банк веќе е објавено во Службен весник. Всушност, нашата држава ќе издаде регистрирани хартии од вредност кај Дојче банк на таа сума, а за оваа намера неодамна веќе и извести Министерството за финансии, за што објави и Фактор. 

Односно, во Службен весник деновиве е излезема Одлуката за максималниот износ на ново задолжување преку издавање на регистрирани хартии од вредност - NSV 1. 

Фактор ги објавува сите детали за новата владина одлука за задолжување. 

„Со оваа одлука се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку издавање хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал во форма на регистрирани хартии од вредност согласно германското право - NSV, кои Министерството за финансии ќе ги емитува во 2022 година“, се вели во владината одлука. 

Натаму, од Владата додаваат дека овие регистрираните хартии од вредност - NSV, се издаваат за обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит, но и за рефинансирање на обврските од државниот долг за тековната година. 

Рокот на доспевање на регистрираните хартии од вредност ќе биде до три години. 

Вкупната издадена вредност на регистрирани хартии од вредност изнесува до 250.000.000 евра, во согласност со пазарните услови. 

Во објавата во Службен весник се вели дека Министерството за финансии плаќа камата на регистрираните хартии од вредност полугодишно, но притоа не ја навеле стапката на каматата по која ќе се задолжува нашата држава. 

Сепак, треба да истакнеме дека Министерството за фионансии претходнои објави дека каматната стапка изнесува 3,75 отсто плус шестмесечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од три години и 18 месеци грејс-период.

Во владината одлука е наведено и дека Министерството за финансии плаќа главница и камата на регистрираните хартии од вредност - NSV во евра, без притоа да пресметува и наплатува било какви даноци, провизии или трошоци од сопствениците на регистрираните хартии од вредност - NSV. 

Минималниот износ на номиналната вредност на една регистрирана хартија од вредност - NSV изнесува 500.000 евра, со минимален износ на трансфер од 1.000.000 евра и за секое дополнително зголемување во износ од 500.000 евра соодветно. 

„Регистарот на сопственици на регистрираните хартии од вредност - NSV ќе се води во согласност со Договорот за агент, кој ќе биде склучен помеѓу Министерството за финансии и Дојче банка А.Г“, се потенцира во објавата во Службен весник.  

Министерството за финансии плаќа главница и камата на регистрираните хартии од вредност преку платежниот агент, Дојче банка А.Г. Пресметката на каматата и распределбата на главницата и каматата по основ на регистрираните хартии од вредност се врши преку платежниот агент.

Преносот на сопственоста на регистрираните хартии од вредност се врши со договори за пренос. Уписот во Регистарот кој го води агентот има полноправно дејство во поглед на сопственоста на побарувањата кои произлегуваат од регистрираните хартии од вредност. 

„Министерство за финансии, во име на Република Северна Македонија, има дискреционо право предверемено да ги откупи регистрираните хартии од вредност, во согласност со нивните услови. Сите регистрирани хартии од вредност откупени на овој начин не може повторно да се издадат“, се вели во владината одлука Објавена во Службен весник. 

Оваа точка од договорот е многу интересна и нашите власти треба сериозно да ја имаат предвид. 

„Во случај на неисполнување на обврските кои што произлегуваат од регистрираните хартии од вредност, сопствениците на тие хартии може да го раскинат задолжувањето и да побараат моментална отплата на преостанатиот износ заедно со пресметаната, но неплатена камата и секој неплатен дополнителен износ“, се наведува во објавата.  

Емисијата на регистрираните хартии од вредност, како и понатамошните постапки поврзани со исполнувањето на обврските од страна на земјава, се спроведуваат врз основа на договори регулирани согласно германското право, кои Министерството за финансии ќе ги склучи со инвестициската банка, фискалниот и платежниот агент, вклучувајќи ги, без ограничување, и Договорот за запишување, Договорот за агент, и такви други договори и инструменти кои се сметаат за неопходни или соодветни за емитувањето на регистрираните хартии од вредност. 

Инаку, кога Министерството за финансии извести за објави за еврообврзницата, соопштија дека во континуитет ги следеле пазарите на капитал и согласно опсежните анализи, овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг.

„NSV е инструмент кој обично го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори. NSV како регистрирана хартија од вредност, од страна на Дојче банка до сега е издадена во Република Полска, Ирска, Белгија, Кралството Шпанија. Овој финансиски инструмент покрај Дојче банка го издаваат и KFW, IBRD, EIB“, соопштија под МФ. 

Додадоа дека изминатиов период се склучени неколку трансакции на меѓународниот пазар на капитал од страна на членки на ЕУ со повисок кредитен рејтинг од нашиот, каде каматните стапки се движеа до околу 7 отсто, со неколкукратно повисоки суми на повлекување. Појаснија дека високите камати се должат на заострувањето на условите на меѓународниот пазар на капитал, како резултат на затегнувањето на монетарната политика преку раст на каматните стапки од страна на скоро сите големи централни банки во светот, поради високата инфлација.

Во моментов македонските Еврообврзници се тргуваат со принос во распон од приближно 7 отсто, што значи дека доколку земјава одеше со нова Еврообврзница, каматната стапка би била на ниво од околу 8 проценти“, потенцираа од ресорот со кој раководи министерот Фатмир Бесими. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА