Сирија ќе добие повеќе од 1,5 милијарда долари помош
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2013
Меѓународните донатори ветија повеќе од 1,5 милијарди долари помош за Сиријците погодени од 22-месечниот крвав конфликт, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Средствата се наменети за соседните земји на Сирија, каде се сместени сириските бегалци, како и за финансирање на хуманитарни акции за други четири милиони Сиријци кои останаа во земјата.