20 Април, 2024
0.0376

СИРИЈА ИЛИ ЛИБИЈА: Бајден на пресконференција ги помеша двете држави

Објавено во: Свет 14 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Џо Бајден се збуни за време на прес-конференцијата на Самитот на Г7, додека зборуваше за хуманитарна помош за земјите погодени од граѓанската војна, помешувајќи ги Либија и Сирија, и тоа не еднаш, туку три пати, објави Foks News, а пренесува Индекс.хр.

Претседателот зборуваше за можноста за соработка со Русија во обезбедувањето „витална помош на Либија, чие население е во голема неволја“.

„Сè додека тие се таму, без можност да воведат некаков ред во регионот, не можете да го сторите тоа добро без да ги задоволите основните економски потреби на луѓето. Па се надевам дека ќе најдеме начин да ги спасиме животите на луѓето, во на пример, Либија“, рече Џо Бајден.

Потоа рече дека Русија „загризала повеќе отколку што можела да проголта“ со својата интервенција во Сирија, а после тоа повторно ја спомна Либија.

Советниците на Бајден подоцна рекоа дека претседателот, наместо Либија, всушност мислел на Сирија, а Бајден доживеа лавина негативни коментари на социјалните мрежи.

„Го молам # медиумот да ускокне и да # преведе што навистина рече # претседателот Џо Бајден“, напиша еден корисник на Твитер“.

„Претпоставувам дека кога бомбардирате толку многу земји одеднаш, тешко е да се остане во чекор“, напиша либанскиот геополитички коментатор Сара Абдала.

Прес-конференција на која се вклучи Бајден се одржа на последниот ден од редовниот годишен самит на седумте најразвиени економии во светот (Г7) во Корнвол, Англија.

Бајден утре е во Брисел со лидерите на Европската унија, а средбата со рускиот претседател Владимир Путин е закажана за в среда во Женева.

Извор: Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски