25 Април, 2024
0.0300

СИНОВИТЕ ИМААТ АЛИБИ, АМА СЕ ВО ПРИТВОР: Нов тек на истрагата за убиството на семејството Ѓокиќ

Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Браќата К.М (39) и К.М. (40) од Моравац, кој, како што соопшти српската полиција, се сомничат дека учествувале во убиството на семејството Ѓокиќ и денеска се сослушуваат пред Вишото јавно обвинителство во Ниш.

Тие беа уапсени во петокот во спектакуларна полициска акција откако Горан Џониќ, кој беше уапсен претходниот ден за убиство на неговиот братучед од тетка Горан Ѓокиќ (57), неговата сопруга Гордана (56) и дваесет и петгодишната ќерка Лидија, ги посочил како соучесници.

Заедно со Џониќ, уапсени се и неговите синови Стефан и Милан, кои и Џониќ ги обвини за учество во злосторство без преседан. Тие вчера беа на распит во обвинителството, по што судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Ниш им одреди мерка притвор во траење до 30 дена за да спречи влијание врз сведоците кои треба да се сослушаат и поради казна кои им се товари за кривично дело.

Како што дознаваат српските медиуми, на маратонскиот распит, кој траел речиси до полноќ, Џониќ се бранел молчејќи, а обвинителството не кажа што кажале неговите синови заради истрагата. Она што е сигурно е дека ниту Милан ниту Стефан не можеле директно да учествуваат во егзекуцијата на Ѓокиќ бидејќи и двајцата биле на работа критичната ноќ, едниот како пожарникар, а другиот воено лице во Копнената безбедносна зона. Од тие причини се претпоставува дека тие се осомничени или за планирање и организирање на убиството или дека му помогнале на својот татко да ги отстрани трагите на делото. Меѓутоа, оние што ги познаваат не веруваат дека некој од браќата е вмешан во убиството.

- Тие се добри момци, немаа причина да го убијат својот вујко. Особено не на толку суров начин, поради грабеж. Искрено верувам дека освен Горан, никој друг не го допрел Ѓокиќ - вели жител на Моравац.

Уште помалку се знае зошто, освен што беа познати како луѓе од криминалното милје, браќата во Моравац познати како „Јојке“ беа уапсени само врз основа на обвинението на Џониќ. Обвинителските органи денеска ќе имаат можност да ги изнесат доказите со кои располагаат со кои ќе се утврди дали обвинителството против нив ќе поднесе барање за истрага и дали ќе им одреди притвор.

Единствено е сигурно дека Џониќ го убил Ѓокиќ, бидејќи засега материјалните докази само го поврзуваат со страшно злосторство.

- На пиштолот е пронајдена само неговата ДНК, исто така и на парите. Несфатливо е зошто се обидел да вклучи други луѓе, па дури и сопствените синови. Се претпоставува дека тоа е само негов маневар со кој најпрво се обиде да ја намали одговорноста - објаснуваат нашите соговорници.

Претпоставката дека има уште инволвирани во убиството на Ѓокиќ се темели на тоа дека само 43.500 евра биле пронајдени закопани на имотот на синот на Горан, а се зборувало дека покојниот Ѓокиќ секогаш со себе носел стотици илјади евра. Од тие причини полицијата извршила претрес во овоштарникот каде се пронајдени парите, како и во куќата и дворот на пријавениот. Бидејќи не беа пронајдени повеќе пари, се претпоставуваше дека тој ги поделил со некого, па затоа биле уапсени и браќата од Моравац. Сепак, постои можност таа сума да била се што имал Горан во возилото кога бил убиен.

Дополнителна мистерија во случајот кој повеќе од еден месец го тресе Алексинац е графитот кој се појави вчера на влезот од улицата Моравска каде живеат семејствата и жртвите и осомничениот за убиството. Непознато лице напиша „Правда за семејството Џони“ со виолетов спреј“. За овој настан полицијата го известила обвинителството, а кој стои зад натписот засега е непознато.

Telegraf.rs

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)