24 Април, 2024
0.0295

Синот на Силјановска свири на кавал и собира добротворен прилог во парк, таа вика да го остават на мира

Објавено во: Македонија 21 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Фото: Твитер

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на претседател на Македонија, се огласи на Фејсбук и побара нејзиниот син да го остават на мир и да не го злоупотребуваат во политичката кампања, откако на социјалните мрежи се појави фотографија како во парк свири на кавал и собира добротворен прилог.

„Како граѓанин и уште повеќе како професор, уште пред да влезам во претседателската трка, знаев дека кампањата ќе биде валкана. Знам дека за политичките страсти понекогаш нема ни врв ни дно, свесна бев дека со стапување на политичката сцена на удар ќе бидам изложена не само јас, туку и моето семејство. Хајката од вчера продолжува со удари врз децата. Ова не е првпат да ми се случи она „да ја дискредитираме Сиљаница, ако треба и со удирање по децата“. Издржав тогаш, ќе издржам и сега – но, нема да паднам ниско да враќам на ист начин. Се натпреваруваме како личности, но и со програми, да ги оставиме децата на мир, и нашите и туѓите.“, пишува Силјановска Давкова.

Ваквата реакција на Силјановска следува откако на социјалните мрежи се појавија коментари дека нејзиниот син се однесува девијантно и субкултурно, додека Силјановска Давкова влегува во кампања за иден шеф на државата. Истовремено други на тоа гледаат позитивно со коментар дека парите од случајните минувачи потоа им ги дава на сиромашните деца.

Силјановска вели дека е горда на својот син кој не живее во расипништво и луксуз како семејствата на корумпираните политичари.



Можеби ќе ве интересира

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица