СИНОЌА ИМАЛО ПЕТ КИЛОМЕТРИ КОЛОНА НА АВТОПАТОТ СТРУМА - по страотната несреќа со македонскиот автобус, сообраќајот се уште не е обновен
Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2021
Синоќа се случил огромен сообраќаен метеж на автопатот Струма во правец кон Софија. Причина бил фактот што сообраќајот во реонот на несреќата со македонскиот автобус се уште не е обновен во двата правци, јавува БНТ.бг.
Сообраќајниот метеж бил исклучително сериозен, бидејќи должината на колоната автомобили била околу пет километри. На возачите им требало околу еден час да поминат низ проблематичната област.
Инаку, сообраќајот во правец кон Софија е исклучително интензивен кон крајот на неделниот викенд.
Извор: БНТ.бг