29 Март, 2024
0.0278

Синдикатот на одбраната за приватната агенција - Сите дојденци во МО да ги напуштат позициите

Објавено во: Македонија, Анализа 25 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Синдикатот на одбраната и безбедноста остро смета дека не е во ред решението касарните да бидат обезбедувани од приватни агенции наместо од самите војници. Претседателот на СОБ Ристо Ајтов вели дека сите дојденци во МО кои не се разбираат од безбедноста веднаш да ги напуштат позициите и на нивно место да дојдат професионалци. 

Дел од експертите за безбедност меѓу кои и професори од Факултетот за безбедност од Скопје на јавни настапи тврдат дека на професионалните војници не треба да им биде оставена обврската да чуваат стража туку да бидат на обуки и да вршат други оперативни задачи. Исто така наводно според нив препорака на НАТО е да се ангажираат приватни агенции за обезбедување на државни објекти од одбраната.

Синдикалецот Ајтов воопшто не се согласува со ваквите тврдења бидејќи на тој начин ќе се овозможат безбедносни пропусти бидејќи приватните агенции не ги исполнуваат стандардите на обезбедување на воени објекти.

Засега нема конкретни бројки колку државата ќе ја чини формирање на нова компанија за обезбедување и/или ангажирање на приватна агенција за обезбедување на министерството, касарните и останатите воени објекти од државно значење, ниту пак какви стандарди ќе траба да обезбеди агенцијата, со какво вооружување ќе располага и кој ќе им врши надзор како го користат истото.

Од Министерството за одбрана велат дека се прават анализи за решавање на ова прашање.


"Сметаме дека обезбедувањето на касарните не треба да биде задача на војниците од активниот состав на Армијата, чија примарна обврска е развој на војничките способности, зачувување на безбедноста и стабилноста на државата и помош на граѓаните секогаш кога има потреба за тоа. За да ја задржиме високата доверба на граѓаните во Армијата која секогаш им излегувала во пресрет и одговорно ги исполнува своите примарни задачи, физичкото обезбедување на армиските објекти и во СОП влегува како несуштинска дејност за која се разгледува можноста за дивестирање" вели министерката Шекеринска за Фактор.

Од СОБ поставуваат сериозни сомнежи дека ваквиот ангажман ќе резултира со многу злоупотреби, кражби, несоодветно ракување со автоматско оружје, диверзии против војската и политички манипулации претставени поради нечии интереси.

Во јавноста веќе се шири негативна перцепција дека ако АРМ не може да се штити себеси, тогаш како ќе ја чува државата.


"Армијата на Република Македонија, е институција која секогаш уживала најголема доверба кај граѓаните на Република Македонија. И покрај лошите услови за работа и ниските плати, вработените во АРМ се вистински професионалци, врвно обучени, целосно изградени и секогаш демонстрирале врвна подготвеност во исполнувањето на своите задачи за потполна безбедност на граѓаните на Република Македонија. За разлика од нив, агенциите за обезбедување не се ниту блиску до стандардите за обезбедување на воени објекти, што само по себе укажува дека се можни најразлични злоупотреби па дури и безбедносни пропусти, кои можат многу скапо да ја чинат Република Македонија. Во прв ред се поставува прашањето за интегритетот на агенциите за обезбедување, за нивниот професионализам, обученоста, (не)задоволување на критериумите за безбедносна проверка на вработените, законската пречка за поседување и ракувањето со автоматско оружје, безбедноста на магацините со опрема, оружје и експлозиви, можноста за диверзија на безбедносните сили како и многу други сегменти меѓу кои и политички мотивираните. На крај би сакал да потенцирам дека само дилетантски умови можат да имаат позитивен пристап кон ова ступидно размислување, посебно што не постои ниту една земја во светот чија што армија е обезбедувана од агенции за обезбедување. Во ниту една земја членка на НАТО, касарните, магацините и останатите воени објекти не се обезбедувани од агенции за обезбедување" тврди Ајтов.

ОДБРАНАТА Е СКАПА РАБОТА, НЕ ТРПИ ЕКСПЕРИМЕНТИ И ИМПРОВИЗАЦИИ, ИЛИ ЌЕ ИМАМЕ БЕЗБЕДНА ДРЖАВА ИЛИ ЌЕ НЕМАМЕ ДРЖАВА.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара