25 Април, 2024
0.0282

СИЛНО ВЕТУВАЊЕ - Мицковски се обврза дека ќе донесе бесплатен гас до секое семејство

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Целосна гасификација на земјава, како и бесплатен приклучок за секое семејство во државата. На ова денеска пред граѓаните се обврза лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, гасификацијата ќе биде еден од стратешките приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, а владата која ќе ја предводат ќе воведе природен гас за  употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи итн. 

Затоа ќе го изградиме гасоводниот систем во државата. Во наредниот период со интензивна динамика ќе се пристапи кон: завршување и пуштање во употреба на проектите кои беа започнати од поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а еве гледаме на крајот од мандатот на оваа влада не се сеуште завршени. Изградба на магистралниот  гасовод Неготино - Кавадарци – Битола т.е. доизградба како и доизградба на магистралниот гасовод Скопје - Тетово – Гостивар, кој што е започна и првиот и вториот проект и обезбедено финансирањето од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму изградба на магистралниот гасовод Штип - Радовиш- Струмица – Гевгелија. Изградба на магистралниот гасовод Гостивар – Кичево. Изградба на магистралниот гасовод Свети Николе – Велес. Изградба на магистралниот гасовод Битола - Ресен - Охрид – Струга. Поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас и напуштање на оној за прв пат во историјата познат термин енергетско земјоделски комбинат кој што ниту е енергетски, ниту е земјоделски и гледаме дека само претставува споменик на едно неуспешно време на владите на СДСМ. Изградба на делници за поврзување на Технолошко-индустриските развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, како и Индустриската зона Жабени“ изјави  Мицкоски

Мицкоски потенцираше дека ќе се обезбеди природен гас за секое семејство во Македонија, а тоа подразбира и во населените места кои се подалеку од примарната мрежа и додаде дека граѓаните ќе бидат ослободен од трошоците за приклучок на овој енергенс.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи