26 Април, 2024
0.0319

Силк Роуд Банка со нова донација на Клиниката за детски болести

Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје ја предаде и четвртата донација на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработкаво 2018 година, со кој Банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Оваа донација се состои од набавка на три аспиратори за потребите на Клиниката. Средствата за набавка на донацијата согласно со проектот „Наша донација со секоја трансакција“ во износ од 212.329,00 денари, се обезбедени на начин што со секоја трансакција со American Express картичките на Силк Роуд Банка, Банката одвојува по пет денари за потребите на Клиниката. При предавањето на донацијата во просториите на Kлиниката присутни од страна на Банката беа г-дин Игор Димитров, Претседател на Управниот одбор и г-ѓа Кристина Десковска, Директор на Секторот за население, односно проф. д-р Аспазасија Софијанова, Директор на Детската клиника во Скопје.

„Ни претставува особено задоволство што денес ја предадовме и четвртата донација во рамки на нашето партнерство со Клиниката за детски болести кое го започнавме уште во 2018 година. Денес во услови на ковид19 пандемијата со која сме соочени сите ние како држава и општество ја предаваме оваа донација која се состои од аспиратори за потребите на дечињата кои претстојуваат во Клиниката. Со оваа донација уште повеќе ја зајакнуваме нашата соработка со Клиниката, со која се надеваме дека барем малку ќе придонесеме за подобрување на условите за престој во клиниката во предизвикувачкиот период кој е исправен пред сите нас. Средствата од донацијата се собрани на начин што со секоја трансакција со American Express картичките на нашите клиенти, банката одвојуваше по 5 денари за набавката на аспираторите“, изјави Игор Димитров, Претседател на Управниот одбор на Силк Роуд Банка.

Реaлизацијата на донацијата од  Силк Роуд Банка ја поздрави и директорот  на Универзитетската клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова:

„По претходните три донации од Силк Роуд Банка, пристигна и четвртта донација овој пат во вид на аспиратори, кои што ни се неопходни за децата кои претстојуваат во Клиниката. Сакам уште еднаш да ја истакнам одличната соработка помеѓу Клиниката и Силк Роуд Банкакоја започна пред две години и од која придобивки имаат и двете страни. Особено е важна оваа донација која доаѓа во услови на ковид19 пандемијата од која се зафатени сите старосни групи во државата и истата ќе ни биде неопходна во зимскиот период кој следи“, изјави директорката на Клиниката.

Наша донација со секоја трансакција“ е општествено одговорен проект на Силк Роуд Банка и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, започнат во 2018 година. Од започнувањето на оваа соработка до сега, Банката има донирано материјални средства во висина од над 10.000 евра за потребите на клиниката. 

(п.р. објава)

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет