19 Април, 2024
0.1726

Силк Роуд Банка АД Скопје: Започнува исплатата на јунските пензии

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на јунските пензии ќе се врши од утре на 26.06.2020. Почнувајќи од 26.06.2020 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат, согласно распоредот направен според висината на пензијата: 

- Во петок, на 26.06.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

- Во понеделник, на 29.06.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

- Во вторник, на 30.06.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

- Во среда, на 01.07.2020 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

Сите приматели на пензија кои немаат картичка, при подгнувањето на пензијата ќе можат бесплатно да аплицираат за дебитна картичка со која во иднина ќе можат пензиите да ги подигнуваат преку банкомат, без потреба од посета на експозитура.

Од банката напоменуваат при посета на експозитурите задолжително да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 мeтри од останатите клиенти и банкарските службеници.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга