29 Март, 2024
0.0311

Силјановска Давкова: Ни економија, ни образование нема ако нема костур наречен владеење на правото

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, се обрати пред граѓаните од Аеродром и им порача дека сме доведени на ѕидот на срамот. 

„Не смее да има човек кој нема да реагира на она што ни се случува, таков е овој момент. Партијата што се нарекува социјалдемократски сојуз стана партија на социјалдеморализиран сојуз, на социјалдотрајен сојуз. Има моменти кога човек не смее да молчи таков е овој момент. Ќе се согласите дека секогаш кога било најтешко во македонската историја се појавувале учителите. Фрлете поглед на листите на едните листи ќе ги познаете петкашите и десеткашите, а на другите оние од транзицијата што прекуноќ се збогатија. Деновиве во очај почнаа да фрлаат летки замислете Тимчо и јас сме биле транзиционите профитери. Јас сум била 2 години во политика, а транзицијата трае 30 години. Е тие кој од бебиња се во политики и не се збогатија од пиперки и патлиџани туку од политичкиот статус велат дека повторно транзиционите политичари се во игра, тоа е срамота“, објасни таа.

Вели дека народот треба да се праша дали подобро живее од порано, дали е побезбеден, дали е поздрав дали ги нема корупцијата и криминалот, дали непотизмот не цвета, дали администрацијата е подобра.

Споредете ги оние кој ги персонализираат партиите, еден прекуноќ збогатен човек и еден учител ама и добар мајстор. Тој со наша помош треба да ја поправи куќата. Може ли со вакво судство да збориме за владеење на правото, се разбира не. Не знам колку „бомби“ паднаа и дознавме интересни работи. Оние кои се повикуваат на право и правда се главните рушители на правото. Ние не сакаме ништо друго освен европски темел на куќата“, истакна Силјановска.


Според неа, тој хибриден режим значи дека сме држава пред пропаѓање. 

„И дознавме дека нема нешто со што трговецот не е спремен да се пазари. Замислете и на малата Грета и на тетко и ѝ вети дека нема да има ни аеродром. Спремен беше и со господинот Вартоломеј да се пазари. Мене ми дава надеж зборовите што ги употреби Папата Францис, кој што од посетата на Македонија извлече не што по Матеј “Небојсе стадо мало,, ние сме тие заборавени, но секогаш се раѓало нешто големо. ВМРО не е само партија ВМРО е македонскиот код, го разбудија македонскиот код кај сите овде и по светот. Се чудат зошто една либерална жена како мене е со ВМРО, затоа што само голема партија може да ги собере сите помали партии и сите луѓе во македонското национално единство“, вели Силјановска Давкова.

Запомнете на крајот, ни економија, ни образование, ни социјална заштита, ни култура, нема ако нема костур наречен владеење на правото, кажа таа. 

Вели дека на 15 јули ќе започне нова ера. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење