28 Март, 2024
0.0267

Силјановска Давкова: Мицкоски не мислеше буквално Борисов да дојде да се поклони

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Гордана Силјановска Давкова вечерва во централниот дневник на телевизија Сител рече дека Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот протест пред Владата не побарал буквално од политичарите од бугарскиот државен врв да го следат примерот на поранешниот германски канцелар Вили Брант и да се извинат за злосторствата од Втората светска војна.

- Не мислам дека тоа беше директно кажано дека веднаш треба да дојде господинот Борисов да се поклони, тоа е асоцијација бидејќи честопати се споменуваат односите на Германија со Франција, па ако сакате и со Полска, многу слични се овие на Полска со оние на тогашната бугарска власт кон окупираната територија. Веројатно тоа што го направи Вили Бранд, навистина беше голем потег бидјеќи извинувањето отвори пат за помирување. Не верувам дека сега е моментот за тоа и дека господинот Борисов ќе го направи тоа, но верувам во нешто друго. Верувам во европските вредности, истакна професорката и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска Давкова смета дека ЕУ не може да стимулира или толерира консензус за нешто што е спротивно на нејзините најважни документи и определби. Како што вели таа, тогаш самата би го негирала она што го утврдила реков во основните акти на ЕУ и додаде дека поради тоа членките на ЕУ не се вплетуваат во овој спор со Македонија и Бугарија.

„Ако мислите дека пронајдовте Квислинг и квислингшка влада, се лажете. Од нашата колективна меморија и срца нема да ја избрише колективната историја. Христијан Мицкоски не предводи антибугарска хистерија, При првата посета во Скопје, кај споменикот на паднатите борци на НОБ да го следите примерот на Вили Брант, да клекнете и да се извините“, порача на вчерашниот протест лидерот на најголемата опозициска партија.

Инаку Брант како канцелар се поклонил на жртвите на фашизмот во Варшава во 1970 година

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра