18 Април, 2024
0.0251

„Шверцери“: Ние сме организатори, му благодариме на театарот

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Навивачката група „Шверцери“ реагира на, како што велат тие, медиумската хајка по одбележувањето на 30-годишнината од своето постоење во Македонскиот народен театар. Во нивното соопштение, тие тврдат дека се организатори на настанот и му заблагодаруваат на театарот.

„Навивачката група „Шверцерат“ остро ја демантира тековната тенденција за негативно пропагирање на нашата 30-годишнина.. Сите снимки, особено нашата снимка направена половина час по настанот во празната сала, ги отфрли пристрасните извештаи за наводно уривање, вандализам или недолично однесување. Откриено е дека нема вандализам или намерно нанесена штета, туку само скандирање и навивање како начин за изразување на културата на тифозите во светот.

За да ги разјасниме дилемите, ние сме организатори на настанот и на тој настан беше претставен краток документарен филм и им бес доделени благодарници на истакнати личности од фудбалскиот живот кои придонесоа за нашиот клуб. На настанот ги поканивме сите играчи и тренери, сегашни и поранешни на нашиот клуб, сегашно клупско раководство, градоначалници и така натаму. кои нè почестија со нивното присуство.

Заклучоците за состојбата на просторијата пред и по настанот се чудни, и се објавени три дена по настанот, без извештај за никаков инцидент во ниту еден билтен. Исто така, дискутабилно е да се пријави штета три дена по настанот што остава простор да се мисли дека „штетата“ можело да се изврши пред или по нашиот настан. Бевме во театарот да го славиме јубилејот, а не да беснеме, да вандализираме. Му благодариме на театарот за соработката“, се вели во реакцијата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари