Шведскиот диџеј Авичи е пронајден мртов во Оман
Објавено во: Свет 20 Април, 2018
Музичкиот продуцент и диџеј Тим Берглинг, познат како Диџеј Авичи, бил пронајден мртов во Оман, објави неговиот издавач.
Неговиот издавач Дијана Барон објави дека семејството на 28-годишниот диџеј е потресено и побара да се почитува приватноста.
„Со огромна тага соопштуваме за заминувањето на Тим Берглинг, попознат како Авичи. Семејството е во шок и ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Нема да издаваме повеќе соопштенија во овој тежок момент“- истакна неговиот портпарол.
Авичи еден од пионерите на современиот музички жарн ЕДМ (Electronic Dance Movement).
Тој освои две МТВ награди и е една Билборд награда, а два пати беше номиниран и за Греми.
Шведската музичка ѕвезда имаше неколку хитови кои се искачија високо на ранг-листите, а има соработки и со изведувачи како Мадона и Колдплеј.