20 Април, 2024
0.0271

ШВАЈЦАРИЈА ОТКРИ КОЛКУ ВРЕДИ ЗАМРЗНАТИОТ РУСКИ ИМОТ: Санкциониран само мал дел од она што Русите го поседуваат

Објавено во: Економија 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Швајцарското Министерство за економија во четвртокот објави дека од 25 ноември 2022 година ги замрзна руските средства во вредност од 7,94 милијарди долари (7,5 милијарди швајцарски франци), пренесува „РТ“.

Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) откри и податоци за износот на депозитите пријавени од Русите.

  - Санкционираната сума е само дел од сите руски средства во Швајцарија - изјави за Блумберг Ервин Болингер, шеф на билатералните економски односи на СЕКО, пренесува „Новости.рс“.

Според извештајот, вкупно 123 руски државјани или ентитети пријавиле 7.548 „деловни односи“ до телото, што претставува имот од 48,8 милијарди долари (46,1 милијарди франци).

- Замрзнатите износи може да се зголемат ако, на пример, се додадат нови лица на списокот или ако се идентификуваат нови имоти - се наведува во соопштението и се додава дека „може да се намалат доколку замрзнатите средства како мерка на претпазливост повторно се ослободат кога ќе завршат појаснувањата“.

Швајцарија им се придружи на земјите на ЕУ во воведувањето на неколку рунди антируски санкции поради воената операција на Москва во Украина. Во август Берн ги замрзна средствата на руската Сбербанк и ја забрани трговијата со златни производи со Москва. Во март, Кремљ ја стави Швајцарија на списокот на непријателски земји, на кој се вклучени членки на ЕУ и други земји.

Во октомври, Фабијан Мајенфиш, портпарол на швајцарското федерално одделение за економски прашања, образование и истражување, рече дека Швајцарија не го поддржува барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да му ги предаде замрзнатите руски средства на Киев.

И властите на ЕУ и на САД во моментов работат на конфискација на руските средства замрзнати со санкциите поврзани со Украина, обидувајќи се да најдат начини за да ги направат заплените легални.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите