ШВАЈЦАРИЈА Е НА ВРВОТ: Ова се најскапите градови за живот
Објавено во: Економија 01 Октомври, 2024
Швајцарските градови се на листата најскапи за живот во светот.
Швајцарија е позната по високите трошоци за живот, а тоа го потврди и овогодишниот извештај „Cost of Living Index by City 2024“, објавен од „Numbeo“, најголемата светска база на податоци за градови и земји ширум светот.
Најскапи градови за живеење досега во 2024 година се Женева и Цирих, а потоа следи Њујорк. При креирањето на овој извештај биле земени предвид трошоците за намирници, кирија, оброци во ресторани и вкупните трошоци за живот.
Во Женева намирниците се за 11,4 отсто поскапи отколку во Њујорк, а цените во рестораните се повисоки за 1,5 отсто. Меѓутоа, трошоците за домување се за 40,4 отсто поевтини во Женева отколку во Њујорк.
Еве ја целата листа:
1. Женева, Швајцарија
2. Цирих, Швајцарија
3. Њујорк, САД
4. Сан Франциско, САД
5. Бостон, САД
6. Рејкјавик, Исланд
7. Вашингтон, САД
8. Сиетл, САД
9. Лос Анџелес, САД
10. Чикаго, САД
foto freepik.com