29 Март, 2024
0.0257

Швајцарците изгласаа: Забрането носење бурки на јавни места

Објавено во: Свет 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Со тесен резултат на референдумот, Швајцарците забранија прекривање лица во јавноста, а тоа вклучува и забрана за бурка или никаб што ги носат жените муслиманки.

Официјалните резултати покажуваат дека 51,2 проценти гласале за новото правило во неделата, наспроти 48,8 проценти од гласачите кои биле против.

Предлогот за референдумот беше изнесен од десничарската Народна партија на Швајцарија (СВП), чиј слоган на кампањата беше „Стоп за екстремизмот“.

Водечка исламска организација во Швајцарија вели дека ова е „мрачен ден“ за муслиманите. „Денешната одлука отвора стари рани, го зајакнува принципот на правна нееднаквост и испраќа јасна порака до исклучената муслиманска заедница“, соопштиле од Централниот муслимански совет .

Тие додаваат дека ќе побараат оваа одлука да биде разгледана на суд.

Резултатот не ги исполнил очекувањата на СВП, бидејќи тие се надевале на големо мнозинство, но доволно е забраната за покривање на лица во јавноста да биде вметната во швајцарскиот устав.

Швајцарската влада ја критикуваше забраната, велејќи дека не е на државата да регулира што ќе носат жените.

Според истражувањето на Универзитетот во Лукарн, скоро никој во Швајцарија не носи бурка, а само 30-тина жени носат никаб. Од 8,6 милиони луѓе кои живеат во Швајцарија, околу пет проценти се муслимани, главно од Турција, Босна и Косово.

Швајцарците одлучуваат за прашањата на државната организација преку систем на директна демократија - со гласање на редовни државни или регионални референдуми за различни прашања.

Ова не е првпат исламот да биде предмет на референдум во Швајцарија. Во 2009 година, граѓаните гласаа против советот на владата и забранија изградба на минариња - исто така на предлог на Швајцарската народна партија, за што минарињата се знак на исламизација.

Предлогот на референдумот во неделата не го споменува директно исламот никаде и се предлага да се спречат насилните демонстранти да носат маски на улиците. Сепак, референдумот стана познат како „забрана за бурка“.

Пред гласањето, Валтер Вобман, претседател на комитетот за референдум и пратеник на СВП, го опиша покривањето на муслиманите како „симбол на екстремен политички ислам, кој е се поизразен во Европа и нема место во Швајцарија“.

„Во Швајцарија е традиција да се покажува лице. Тоа е знак на основна слобода“, рече тој.

Амнести Интернешнл е против забраната, велејќи дека тоа е „опасна политика што ги крши правата на жените, слободата на изразување и слободата на вероисповед“.

Покривањето лица со исламска облека во јавноста е контроверзна тема во неколку други европски земји.

Франција забрани целосна јавна покриеност во 2011 година, додека Холандија, Данска, Австрија и Бугарија усвоија делумни или целосни забрани.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест