Швајцарците и Исланѓаните се најбогати во Европа
Објавено во: Економија 07 Јануари, 2020
Швајцарците се најбогати во Европа, а потоа следуваат граѓаните на Исланд, Луксембург, додека зад нив се Белгија, Франција и Ирска.
Германија вкупно е најголемата европска економија, но по просечното богатство од 35,3 илјади долари по возрасно лице се наоѓа поблизу до средината отколку до врвот на листата.
Каков е контрастот меѓу Западот и Истокот може да се види од примерот на Украина која има само 1,2 илјади долари по возрасно лице, што е на ранг со многу африкански замји.
Мапата ја изработи порталот Хаумач повикувајќи се на податоци од швајцарската финансиска група Креди Свис.