28 Март, 2024
0.0268

Шукаров за Фактор: Прво реформа, после поголеми плати за административците

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во овој момент јавната администрација не треба да го следи растот на платите во приватниот сектор, вели за Фактор професорот Мирољуб Шукаров. Тој вели дека е за оправдување што во буџетот за следната година е предвидено зголемување на платите во секторите кои се „плодни“ како што е здравството, образованието, одбраната, но дека на јавната администрацијата прво и е потребна реформа и рационализација, па потоа и раст на платите.

„Не може да се поддржи политика на раст на плати кога имаме страшно големи неискористени капацитети, луѓе кои седат дома, формирани разноразни агенции кои се создадени или измислиени со некои причини. Напротив, треба да се поддржуваат плодните делови од јавниот сектор како што се здравството, обарзованието, одбраната. Тоа се оние расходи кои сме се договориле да ги покриваме заеднички. Она на што му треба реструктуирање е јавната администрација и за таа во овој момент не е пожелно да добива зголемување на платите. Никако не, одначувањето да расте во исто време со растот на платите. Треба да се релаксира индустријата, вели Шукаров.

Тој вели дека концепциски,уште во изборната кампања, сегашната партија на власт го најавила ова однесување. Затоа, како што вели, имало мерки за зголемување на минималната плата, па раст на социјалните трансфери.

„Тоа е добро бидејќи во теоријата имаа став дека развојот започнува од сиромашните. Во претходниот период во ек на големата криза, развиените земји го почнаа заздравувањето со олеснувања кај богатите. Концептот беше да им се даде на најбогатите оти тие се тие кои инвестираат, па така да тргне спиралата на раст. Тоа се покажа погрешно. Богатите ги собраа парите, ги однесоа на Белизе и парите се одлеаја.

Ова од друга страна, е добар начин да се покране економијата од доле нагоре, бидејќи сиромашните не купуваат дијаманти и поршеа туку егзистицијални домашни производи па цела спирала ја покреваат нагоре, вели Шукаров.

Додава дека во последниот период има раст на платите во приватниот сектор, но и на пензиите, но сега тврди дека платата на јавната администрација не треба да ја следи со исто темо динамиката на раст на платите во приватните компании.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат