Штрајк на вработените во државните медиуми во Франција
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2012
Во штрајкот кој почна во шест часот учествуваат „Франс телевизион“ и станиците на јавното „Радио Франс“ меѓу кои и „Франс енфо“ и „Франс ентер“ кои наместо информативна програма емитуваат музика.
Француската јавна телевизија следната година треба да добие од буџетот 2,453 милијарди евра што е за 2,3 отсто (85 милиони) помалку во однос на оваа година. За „Радио Франс“ се предвидени 611,7 милиони евра што е за 0,5 отсто помалку од оваа година.