25 Април, 2024
0.0328

Што требало да разгледува Венецијанската комисија: Разногласие во Владата за Законот за јазици

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

ДУИ знаела дека пред Венецијанската комисија бил испратен целиот закон за употреба на јазиците, рече Артан Груби во емисијата Топ тема на Телма. Груби вели дека неговата партија очекувала да бидат испратени само делови од законот, а дека практиката на Венецијанската комисија е да се носат законите пред да бидат усвоени а не откако ќе бидат донесени.

„Коалицискиот договор беше да се однесат во Венецијанската комисија само деловите од членот 8, параграф 1 кој се однесуваше на парите, униформите и хартиите од вредност и мислење да се добие од Венецијанската комисија само по тој параграф, рече Груби. 

Вели дека ДУИ не е согласна целиот закон да се разгледува во Венецијанската комисија бидејќи законот одредува материја од Охридскиот рамковен договор и го заокружува нормативниот дел.

Премиерот Заев пак синоќа прашан дали има поделби во Владата или едногласен став за препораките што Венецијанската комисија ги упати до Владата за Законот за јазици, најави дека до крајот на неделата ќе се организираат состаноци на соодветните институции за да можат да усогласат заедничко решение.

„Последните сугестии кон Венецијанската комисија ги дадовме заедно, претставници од мојот Кабинет, Министерството за правда, европски прашања и Министерството за надворешни работи и така ќе продолжиме. Овој закон е една од алките што не спојува во  државата и така ќе продолжиме во иднина градејќи заеднички ставови и сите препораки кои ги кажува Венецијанската комисија да дојдат до светлото на денот, односно да имаат своја соодветна примена. Веќе до крајот на неделата кај мене ќе се организираат состаноци на соодветните институции за да можеме да го усогласиме ваквото решение за навистина препораките од Венецијанската комисија да го добијат она за кое што со причина укажуваат, а тоа е растење на капацитетите на самите институции заради примената, рече Заев, по посетата на Роса центарот за родителство во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

Пратеничката од СДСМ Соња Мираковска во емисијата рече дека договорот уште од самиот почеток бил целиот закон да биде испратен на мислење.

„Се договоривме, ќе го донесеме и законот ќе биде даден пред Венецијанската комисија за да може да добиеме екпертско мислење што во тој закон сметаат дали нешто не е во ред или сметаат дека вака е во ред. Ние се консултираме со Венецијанската комисија за се, дури имаме и одредби од Венецијанската комисија кои станале одредби од закон. Така да не гледам никаков проблем зошто Венецијанската комисија не би дала мислење по овој закон, рече Мираковска.

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови