Што се случи со турската лира последните три дена?
Објавено во: Економија 16 Август, 2018
Лирата се стабилизира трет ден по ред.
Знаци на закрепнување има на пазарите по стабилизирањето на турската лира трет ден по ред приближувајќи се на долгорочното ниво.
Централната банка на Турција ги презеде акциите за поддршка на валутата.
Доларот утрово се разменува за 5.8544 лири во споредба со 7.0891 лира на 13 август. Еврото се разменува за 6.6627 лири.
Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак, денеска планира да одржи средба со над 3.000 инвеститори кои сакаат да се запознаат со деталите од неговиот план за стабилизирање на економијата на земјата, која се бори со висока инфлација и нестабилна валута.
Анкара има трговски и политички проблеми со САД.
Турција е подготвена да разговара со САД за своите моментални проблеми по услов да нема закани, изјави синоќа шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.