22 Септември, 2019
0.0160

ШТО СЕ ПРОМЕНИ: САД повторно купува нафта од Венецуела

Објавено во: Економија 22 Мај, 2019

САД се вратија на набавките на венецуелската нафта.

Испораките на сирова нафта од Венецуела во САД изминатата седмица биле 9.000 барели дневно.

Пред една година, во седмицата која заврши на 18-ти мај 2018 година, американскиот увоз на венецуелската нафта изнесувал 352.000 барели на дневно ниво.

Во денешниот извештај на министерството за енергетика, се наведува дека САД во текот на претходните две седмици не купувале венецеулска нафта. Во април Соединетите држави забележале мали испораки на нафта од Венецуела, во обем меѓу 71.000 и 191.000 барели нафта дневно. Во втората половина на март, американските компании, не увезувале венецуелска нафта во текот на трите последни седмици од месецот.

САД на 28-ми јануари годинава објавија воведување санкции против венецуелската државна нафтена компанија PDVSA, блокирајќи ја активата и интересите на компанијата на териториите и секторите под нивна јурисдикција во износ од 7 милијарди долари, а исто така забранија и тргување со оваа компанија. Според Белата куќа, дополнителни 11 милијарди долари ќе чинат загубите во набавките на нафта.

Американскиот институт за нафта (API) во средата покажа дека резервите на сирова нафта во САД минатата седмица пораснале за 2,4 милиони барели. Аналитичарите очекуваа дека ќе се намалат за 600.000 барели. 

Испораката на руска нафта во САД се зголеми откако Вашингтон во јануари воведе санкции за венецуелските нафтени компании и доставките од Венецуеала сопреа целосно. Во првите пет месеци од годинава САД увезле пет милиони барели сибирска нафта.

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: „Мој ДДВ“ ги дава резултатите за целите за кои е воведена

Лукаревска: „Мој ДДВ“ ги дава резултатите за целите за кои е воведена

Димковски: Со конкретни мерки, промоција и поддршка на извозот го развиваме органското производство

Димковски: Со конкретни мерки, промоција и поддршка на извозот го развиваме органското производство

13 милиони евра од ЕБОР за побрз и полесен транспорт

13 милиони евра од ЕБОР за побрз и полесен транспорт

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

СТАТИСТИКАТА ПОКАЖА: Се зголемила просечната плата во Македонија

СТАТИСТИКАТА ПОКАЖА: Се зголемила просечната плата во Македонија

Почитувањето на човековите права е обврска на државата и на сите сопственици на бизниси, менаџери(-ки) и вработени

Почитувањето на човековите права е обврска на државата и на сите сопственици на бизниси, менаџери(-ки) и вработени

Анѓушев: Се чека согласност на сите за минималната плата

Анѓушев: Се чека согласност на сите за минималната плата

ЌЕ ВАЖИ ЗА ЖЕНИ СО 60 И МАЖИ СО 62 ГОДИНИ: Ќе работат по 6 часа

ЌЕ ВАЖИ ЗА ЖЕНИ СО 60 И МАЖИ СО 62 ГОДИНИ: Ќе работат по 6 часа

Арцелор Митал стана дел од Либерти Стил на моќната ГФГ Алијансата

Арцелор Митал стана дел од Либерти Стил на моќната ГФГ Алијансата