18 Април, 2024
0.0286

ШТО ПОНАТАМУ СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ: Од перспективен брокер, партиски лидер, премиер, до осуденик и бегалец

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Со меѓународна потерница органите на прогонот го бараат Никола Груевски. Тајно и без да го забележи полицијата тој пребегал во Унгарија. 

Од Будимпешта се јави самиот на социјалната мрежа Фејсбук каде напиша дека е во Унгарија и бара политички азил во земјата на неговиот пријател Виктор Орбан.

По неколку кривични дела кои му висат над глава а кои му ги подготви СЈО, првата пресуда Груевски ја доби за набавката на луксузниот мерцедес. 

Почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ кој повикуваше доброволно да го уапсат и затворат, дефинитивно го сменил мислењето откако и официјално МВР потврди дека е во Унгарија.

Да потсетиме кој е Никола Груевски ....

Моментално бегалец кој бара политички азил но и пратеник со редовна пратеничка плата во Собранието на Македонија. Осуден на двегодишна затворска казна за случај кој ја разгневи јавноста кога се дозна дека се потрошени 600 илајди евра за блиндирано возило.

Кариера

Во 1999 година стана министер за економија и ја почна политичката кариера - безмалку 20 години подоцна за него е потврдена казна затвор. Имало и ќе има политичари кои завршиле во затвор, ама на Груевски во макеоднски услови тоа никој не му го предвидуваше. Тој владееше како да ќе биде лидер секогаш. Историјата ќе покаже какви дела правел, македонското судство сега му потврди дека како премиер влијаел за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард.

Роден е во Скопје на 31 август 1970 година. Од 1995 до 1998 година работел во Балканска банка, па во Светска банка и во Европската банка за обнова и развој. Бил претседател и основач на брокерската асоцијација и ја направил првата трансакција на Македонска берза. Во 1999 година на 29 години станал министер за трговија во Владата на Љубчо Георгиевски. Подоцна стан и министер за финансии.

Во 2006 година Груевски стана премиер. Во тој период, воведен е Данокот на додадена вредност и го отвора процесот на денационализација на националниот имот во периодот од 1945-1990 година. Во спроведување на економските реформи, на почетокот, влегува во сојузништво со меѓународните финансиски институции и кредитори.

„Ерата“ на владеење, Груевски ја обои и економски и политички. Но и националистички. Тој посегна по даночни промени, воведувајќи го рамниот данок, а во 2007 година го воскреснува замрениот проект „Слободни економски зони“ – по што следува широка и агресивна кампања а многу фронтови за привлекување на странски инвестиции. 

Неговото владеење го одбележаа серија на апсења кои ќе остават длабоки траги – дел од нив оценети и забележани во меѓународните извештаи како политички. 

ПАД

Технички, почетокот на падот на премиерот Никола Груевски започнува во февруари 2015 година. Објавена е првата „политичка бомба“ од страна на тогашната опозициска СДСМ. Процесот на објавување на незаконски прислушуваните материјали, почна и траеше. Но Груевски не попушти – напротив објави војна на „предавниците - домашни и странски“. Сепак, како дел од Пржинскиот договор, во јануари 2016 година, Грувески поднесува оставка од функцијата премиер. По смената на власта, Груевски станува пратеник.

Затворот неизвесен

Дали еден ден ќе заврши Груевски во затвор е неизвесно. МВР распиша и меѓународна потерница , а  власта најавува дека ќе ги преземе сите мерки тој да биде вратен во Македонија на издржување на затворската казна.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух