22 Јануари, 2020
0.0283

Што покажуваат искуствата со лекување со биолошки лекови

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019

Новите иновативни, биолошки лекови поттикнуваат малигното заболување да се направи хронично со кое пациентите ќе може да живеат како со секое друго хронично заболување. Покрај продолжувањето на животот, биолошката терапија го подобрува и квалитетот на животот. Третманот со биолошка терапија за пациентите значи повисоко ниво на функционалност, можност за грижа за себе и за децата, можност за враќање на работа, живеење без болка, одење без помагала, можност за продуктивност. Исто така, при терапијата со биолошките лекови ги нема последиците вообичаени при хемотерапијата како гадење и повраќање или опаѓање на косата.

Биолошката иновативна терапија делува насочено и директно против ракот, го штити околното, здраво ткиво или пак го зајакнува имунитетот на самиот организам со што го уништува туморот и го контролира неговото ширење. Доколку лекувањето е започнато во пораните стадиуми на болеста, можно е потполно излекување.

Токму ваквите карактеристиките на биолошките лекови, ги прави нов стандард во лекувањето и сè повеќе преферирани и користени во третманот на онколошките заболувања. Иако се нарекуваат нова, иновативна терапија, првите таргетирани лекови во светот се користат веќе две децении. На Клиниката за онкологија и радиотерапија, за првпат за пациентите со онколошки заболувања достапни се 30 нови биолошки лекови кои се веќе стандарден третман во европските земји. Со централизирана набавка се обезбедени над 30 молекули скапа биолошка терапија со која се третираат повеќе видови рак, како рак на дојка, рак на бели дробови, метастатски меланом, колоректален карцином, гинеколошки малигнитети, карцином на бубрег и други.

Начинот на којшто овие лекови влијаат врз организмот и врз ракот може да биде различен. Некои од нив ги стопираат или контролираат процесите кои овозможуваат раст на канцерот, а други ги обележуваат туморските клетки правејќи ги препознатливи за имуниот систем кој потоа ги уништува. Некои пак ја зголемуваат моќноста на имуниот систем сам да се бори против ракот или пак го спречуваат создавањето на крвни садови во туморот што го оневозможува понатамошното негово растење и проширување. 

Биолошката терапија вклучува и администрација на лекови кои се произведуваат со рекомбинантна технологија и се насочени кон потиснување или стимулирање на цитокини кои учествуваат во имунолошкиот одговор. На пример, TNF-алфа е цитокин што обично се наоѓа во нашето тело и меѓу другите дејства, уште го стимулира развојот на воспалението. Поради неговото воспалително дејство, предизвикува извесни заболувања па блокирањето може да го запре процесот на воспаление. Антителата ја инхибираат активноста на ТНФ-алфа и веќе не можат да го стимулираат воспалението. Овој начин на делување се користи кај автоимуните заболувања како што е на пример ревматоидниот артритис.

Биолошки лек е секој лек што како активна супстанција содржи биолошка
супстанција или супстанција добиена со постапка што вклучува биолошки системи.
Биолошка супстанција е секоја супстанција добиена од или со употреба на
биолошки извор и за која е потребно комбинација од физичко-хемиски и
биолошки испитувања за постигнување квалитет, заедно со постапката за
изработка и надзор над нив. Тоа се, на пример, лекови изработени со биолошка
или биотехнолошка постапка, вклучително и култури на клетки и рекомбинантна
ДНК технологија, лекови од крв и плазма, имунолошки лекови и слично.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Човек се самозапали во Кочани

(ВИДЕО) Човек се самозапали во Кочани

Владата носи закони со полна пареа: За еден месец 120 закони, 94 не биле на ЕНЕР

Владата носи закони со полна пареа: За еден месец 120 закони, 94 не биле на ЕНЕР

Не земајте и го мирот и спокојот, Атиџе не е „канцелариски пацов“

Не земајте и го мирот и спокојот, Атиџе не е „канцелариски пацов“

Дескоска: Може да има задни намери во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ

Дескоска: Може да има задни намери во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ

СОНК децидно против формирање нов синдикат во високото образование, стравува дека така ќе извисат за повисоките плати

СОНК децидно против формирање нов синдикат во високото образование, стравува дека така ќе извисат за повисоките плати

Танасоски им порача на увозниците на половни возила: Уредбата останува

Танасоски им порача на увозниците на половни возила: Уредбата останува

НАВАЛЕТЕ СТУДЕНТИ: Државата ќе дава дневно по 120 денари за храна

НАВАЛЕТЕ СТУДЕНТИ: Државата ќе дава дневно по 120 денари за храна

Никола Наумовски: Статистички загаденоста е намалена во Скопје

Никола Наумовски: Статистички загаденоста е намалена во Скопје

НАЈБЛИСКИТЕ ОЧАЈНО ЈА БАРААТ: Каде исчезна Марија од Босилово

НАЈБЛИСКИТЕ ОЧАЈНО ЈА БАРААТ: Каде исчезна Марија од Босилово