Што пишува Фајненшал Тајмс за решавањето на македонско - грчкиот спор?
Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2019
Британскиот весник Фајненшал Тајмс пишува дека македонското решение е позитивен чекор за Европа. Ова е наведено во колумната на уредувачкиот колегиум на медиумот наведува дека со решавањето на 27 годишниот отворен проблем помеѓу Грција и Македонија е достигнато ретко достигнување вредно за прослава на Западен Балкан.
Фајненшал Тајмс наведува дека отвореното прашање за разликите околу името меѓу двете земји беше кочница за ЕУ и НАТО интеграциите на нашата земја и како резултат на ваквиот политички контекст 2 милиони луѓе беа оставени со мали шанси за економски просперитет и без никаква гаранција за нивната сигурност и безбедност.
Сега посочуваат дека редот е на Грција да го заврши својот дел од обврските.Според весникот, извесно е дека Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент.
На премиерот Зоран Заев и на неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, им припаѓаат заслугите за постигнатиот компромис.