28 Март, 2024
0.0242

ШТО НАПРАВИВМЕ ОД ЖИВОТОТ: Имаме големи куќи, а мали семејства, многу дипломи а ни малку знаење!

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Им додаваме години на животот, но не и живот на годините. Токму за ова пишуваше американскиот стенд ап комичар Џорџ Карлин по смртта на неговата сопруга. Текстот се рашири на интернет побрзо од вирус, а кога го прочитате ќе ви стане јасно зошто.

-Парадоксот на нашето време е да имаме поголеми згради, но пократки нерви, широки патишта, но тесни видици. Трошиме повеќе, а имаме помалку. Купуваме повеќе, уживаме помалку.

Имаме големи куќи, а помали семејства, повеќе комотност, а помалку време, имаме повеќе дипломи но помалку разум, повеќе знаење, а помалку расудување, повеќе експерти, а уште повеќе проблеми, повеќе знаење во медицината, а се помалку здравје.

Пиеме премногу, пуштиме премногу, трошиме непромислено, се смееме премалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме, прекасно легнуваме, стануваме уморни, читаме недоволно а гледаме ТВ премногу.

Се молиме ретко.

Ги зголемивме нашите поседи, но ги намаливме нашите вредности. Премногу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме. Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Им додаваме години на животот, но не и живот на годините.

Патувавме на месечината, а проблем ни е да отидеме преку улица и да го запознаеме новиот сосед. Загосподаривме со надворешниот простор, но не и со внатрешниот. Направивме големи, но не и подобри работи.

Го исчистивме воздухот, а ја загадивме душата. Го разбивме атомот, но не и нашите предрасуди. Пишуваме многу, а учиме помалку. Планираме повеќе, а постигнуваме помалку. Научивме да брзаме, но не и да чекаме. Имаме повисоки згради, но и понизок морал. Имаме се повеќе храна, а сме се понеблагодарни. Градиме силни компјутери со голема меморија, а ние разговараме се помалку и помалку. Тежнееме повеќе кон квантитет, а забораваме на квалитет.

Ова се времиња на брза исхрана, и бавно варење, големи луѓе, а мали карактери, брзи заработки и површни односи. Ова е време на мир во светот, а војна во домовите. Време на разновидна храна и лоша исхрана.

Се помалку финансиски проблеми во бракот, а се повеќе разводи, се повеќе луксузни куќи, но и поделени домови, ова се денови на брзи патувања, оскудна облека и низок морал, се подебели луѓе, и таблети кои можат се - да те орасположат, отупат или убијат.

Запамтете: Поминувајте што повеќе време со вашите сакани, бидејќи тие нема да бидат вечно покрај вас. Кажете му понекоја љубезна реченица на оној кој ве гледа од горе со стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасне и замине.

Сетете се да му дадете топла прегратка на оној крај вас, бидејќи тоа е единственото богатство кое може да го дадете со своето срце а не ве чини ништо. Сетете се да му кажете „Те сакам“ на вашиот партнер и вашите сакани, но најмногу од се искрено мислете така. Бакнежот и прегратката може да излекуваат рана, ако доаѓаат длабоко од срце. Сетете се да се држите за рака и почитувајте ги моментите кога сте заедно, бидејќи еден ден тие личности нема да бидат тука. Најдете време да сакате, најдете време да разговарате, и најдете време да ги споделите вашите дрогоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не изгубите здив. Солзите се случуваат. Издржете, преживејте. Кажете им на луѓето колку ги сакате, во секоја прилика, бидејќи животот не се мери со бројот на воздишки кои ги вдишуваме, туку со моменти кои ни одземаат здив.



Фото: mensxp.com

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи