18 Април, 2024
0.0266

Што има ВМРО-ДПМНЕ во „ракавот“ за Рекет, а јавноста не го знае

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно се заканува дека доколку судот не ја истражи одлучно аферата „Рекет“, тие ќе ги објават во јавноста своите сознанија што ги имаат за овој случај.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во утринското гостување на Алфа телевизија, нагласи дека ако судот не ја заврши својата работа околу случајот со СЈО и „Рекет“, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе објави нови сознанија за тој случај.

„СЈО со торбата Луј Витон полна со милион евра одамна е завршена приказна. СЈО фактички и не постои. А, во однос на работите што се случувале таму, а ова што сега го гледаме како судски процес, е само врвот на ледената санта. Допрва ќе излегуваат десетици и десетици работи. А, ние оставаме на судот да проба тоа да го истражи и имаме многу сознанија. Доколку го истражи одлично, доколку не, ќе одиме во јавност со тие сознанија“, нагласи Николоски.

Тој се надева дека по 12-ти април ќе има едно ослободено и релаксирано судство и обвинителство, кое нема да работи под дневно-политички притисок на врвот на власта.

Вели дека е добро да се донесе закон за јавно обвинителство.

„Добро е да се донесе закон за ЈО, затоа што е жива материја, се менуваат работите треба прилагодување итн. Тоа е едно од барањата на земјите членки на ЕУ со цел Македонија конечно да почне преговори за членство со ЕУ. Затоа што Заев ја лажеше јавноста дека е доволно да го смени името и рајските порти ќе се отворат и мед и млеко ќе тече во Македонија. И дека ќе не седнат до Франција и Германија во ЕУ“, вели Николовски.

Пред неколку месеци и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реше дека тие имаат сознанија за рекет, и дека партијата ќе ги објави доколку не се води правилно судската постапка. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари