25 Април, 2024
0.1095

Што им подари Свето „Пивара“ на своите три деца?

Објавено во: Економија 10 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Светозар Јаневски на своите три деца од двата брака: Јане Јаневски, (актулен член на Управниот одбор на „Аутомакедонија“), Драгана Јаневска и Кирило Јаневски им подари по 5.596 акции со право на глас во „Аутомакедонија“. Со тоа Светозар Јаневски повеќе не е акционер во таа компанија. Книговодствено подарокот за секој од тројцата наследници вреди по 360.000 евра

Светозар Јаневски, бизнис легенда на македонската дваесети пет годишна корпоративна историја, одлучи да ги подари своите акции со право на глас во скопската компанија „Аутомакедонија“ на свои тројца наследници. Јаневски, долгогодишен успешен директор на „Пивара Скопје“, актуелен косопственик во друштвото кое го поседува најголемиот вински производител „Тиквеш“, одлучи своите 20 отсто од акциите во „Аутомакедонија“ да ги подари на Драгана Јаневска, Јане Јаневски и Кирило Јаневски.

Сите тројца наследници ќе добијат пропорцинален дел од акциите односно секој од нив ќе стане сопственик на по 6,75 отсто од вкупниот број акции во „Аутомакедонија“. Освен оваа во акционерската структура на „Аутомакедонија“ има уште една значајна промена. Имено има нов најголем поединечен акционер и тоа е Иванка Мојсова која по основ на оставинско решение е наследник на 22,5 отсто акции со право на глас кои ги поседуваше, сега починатиот Мојсо Мојсовски.

Што е „Аутомакедонија“?

„Аутомакедонија“ во претходниот економски систем беше синоним за увоз и продажба на автомобили и резервни делови ширум земјава. Во транзицијата и приватизацијата оваа компанија успешно се реорганизирала и успеала да ги добие застаништвата за автомобили од гамата на  „Опел“ и „Исузу“ (пикап камионети и автобуси), автомобилски гуми, моторни масла, компоненти за камиони, автобуси и приколку, системи за ТНГ. Воедно оваа има овластени сервиси за одржување возила, а има и фирма ќерка АМ ЦЕРТ специјализирана за технички прегледи и за хомологациски испитувања, инспекции и калибирање тахографи. Освен ова компанијата има сообраќаен испитен центар со седиште во Битола за пелагонискиот регион, а има и сопствено осигурително – брокерско друштво. „Аутомакедонија“ опстојува 70 години на македонскиот автомобилски пазар. 
Компанијата лани приход од речиси 9,5 милиони евра и добивка по оданочување од околу 90.000 евра. Главнината на „Аутомакедонија“ вреди над 5 милиони евра , книговодствено акцијата вреди околу 4.000 денари, а последната пазарна цена изнесува 2.000 денари. Компанијата последен пат поделила дивиденда во 2016 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди