24 Април, 2024
0.0281

ШТО ИМ Е ПОЕНТАТА - Влегоа во Парламентот во коалиција со СДСМ, сега пратениците на БЕСА ќе бидат независни

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Пратениците од БЕСА неофицијално во допис го известуваат собранискиот спикер Талат Џафери дека ќе дејствуваат во коалицијата „Можеме“ со СДСМ, но како независни од пратеничката група и ќе ги застапуваат интересите на својата партија.

Четворицата пратеници на БЕСА успеаја да ги добијат пратеничките места токму преку коалицијата со СДСМ, односно можеме. 

Потпишани се Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Фадиљ Зендели и Бастри Бајрами, според документот, односно барањетпо што го објавија медиумите. 

Тие тврдат дека ова не значи напуштање на коалицијата.

„Ова не е напуштање на коалицијата туку да се организираме подорбро и да работиме поефикасно како БЕСА во парламентот“, изјавил Кастриот Реџепи, пратеник на БЕСА, кој ќе биде одговорен да ги координира народните избраници со кои располга партијата.

Инаку, минатата недела со претседателот на Собранието пристигнаа известувања за четири пратенички групи. 

Таму за коалицијата Можеме беа потпишани 46 пратеници, односно сите и од СДСМ, и од БЕСА. Стигнаа известувања и од ДУИ, од коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ и од коалицијата Алијанса и Алтернатива.

За да се формира пратеничка група според деловникот потребни се најмналку пет пратеника. Координаторите на пратеничките групи учествуваат на состаноците кај собранискииот спикер за текот на седниците и точките на дневен ред. БЕСА во парламентот има четворица свои пратеници, со што не може и формално да понесе барање за пратеничка група. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска