ШТО ГИ ЗГОЛЕМИ ЦЕНИТЕ: Возачи еве колку ќе плаќате за горива по полноќ
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2020
Повисокиот курс на доларот во однос на денарот е причината поради која регулаторната комисија овој понеделник реши повторно да ги зголеми цените на нафтените деривати.
Според одлуката од ноќеска на полноќ нафтените деривати поскапуваат за половина до еден денар по литар.
Тоа значи дека оние кои возат автомобили на бензин, ќе точат ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапо за еден ден/лит или поточно ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 69 денари.
Од друга страна, дизелашите ќе полнат резервоари по цена поскапа за половина цена од претходната недела, или 58,5 денари по литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
Неделава која е пред нас, поскапо ќе се продава и Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе чини 47,5 денари а мазутот ќе се продава за 33,565 денари. Цените стапуваат на сила на полноќ и ќе важат во наредните седум дена.